Возови на батерии од следната година и на пругите во Данска

Среда, 04 Декември 2019 07:51 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Данска од наредната година на своите пруги ќе воведе возови на батерии. Министерот за сообраќај Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зеланд и Централен Јутланд да ги пуштат во работа пробните возови на батерии на две различни железнички линии.

Планирано е експериментот со новите возови да трае од 2020 година до почетокот на 2021 година. Енгелбрехт изрази надеж дека возовите на батерии ќе бидат корисни и за климата и дека ќе помогнат за решавање на проблемите на помалите железници.

Возовите на батерии во моментов се користат во тест-возења во Австрија, а се тестираат и во Германија. Во Германија, првиот воз на водороден погон беше пуштен во употреба во септември минатата година, така што оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија се спротивставува на дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.