За луксузен шопинг, купувајте со картичка од 18-каратно злато

Вторник, 19 Ноември 2019 14:30 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Новата дебитна картичка на британската „Royal Mint“, наречена „Raris“, е најскапата кредитна картичка на светот и е направена од 18-каратно злато. Користењето на оваа картичка, односно купувањето со истата, има и своја цена и изнесува повеќе од 20.000 евра.

„Royal Mint“ соработуваше со „Mastercard“ со цел да ја создадат картичката наменета за луѓето кои го ценат луксузот. Нејзини бенифиции се купувањата без лимит и плаќање во странска валута без провизија.

Картичката нуди уште бенифити, како што се посветени и персонализирани хотелски услуги и други патни придобивки кои се дел од пакетот „MasterCard World Elite“.