Контраверзниот „Џокер“ заработи милијарда

Понеделник, 18 Ноември 2019 12:18 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

„Џокер„ е првиот филм во историјата обележан како филм за возрасни (R-rated) кој заработил милијарда долари. Уште од неговото излегување во кината во октомври, „Џокер“ веднаш стана еден од најконтраверзните филмови кои ја поделија публиката, едни мислат дека е брилијантен, а други сметаат дека е опасен поради насилните сцени кои ги содржи.

Значајна разлика веднаш имаше и меѓу оценките на критичарите и публиката, критичарите му даваа многу ниски оценки, додека пак од публиката доби високи оценки. Моменталната оценка на „Ротен томатос“ од публика е 89 отсто.

Контроверзноста која го обви филмот сепак само му помогна и натера огромен број луѓе да бидат доволно љубопитни и да отидат во кино за да го погледнат филмот.

Освен тоа што е првиот R-rated филм кој заработил милијарда, „Џокер“ е исто така најпрофитабилниот супер херојски филм на сите времиња. „Џокер“ е направен со буџет од само 62,5 милиони долари, а до сега заработи односно околу 15 пати повеќе од потрошениот буџет, од друга страна Авенџерс беше направен со буџет 356 милиони долари, а заработи 2,8 милијарди односно 12,7 пати повеќе од потрошениот буџет.