ИНФОГРАФИК: Топ 20 најпрофитабилни компании во светот

Четврток, 24 Октомври 2019 13:09 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Најголемото парче од питата на заработка се повеќе се дели на се помалку и помалку компании, пишува Visualcapitalist.

На пример, во САД, околу 50% од целиот остварен профит оди само кај 30 компании – назад во 1975 година, потребни беа 109 компании да го постигнат истиот подвиг:

Оваа динамика, исто така, се манифестира на глобално ниво – и можеби е мало изненадување што најпрофитабилните компании во светот генерираат вртоглави приходи, што ќе го “збунат” секој сметководител.

Која компанија остварува најмногу профит дневно?

Денешниот инфографик доаѓа од HowMuch.net, и ги користи податоците од Fortune за да илустрира колкав профит врвните глобални компании всушност заработуваат на дневна основа.

20-те најпрофитабилни компании во светот се наведени подолу по редослед, и исто така има податоци во секунда:

Саудиската арапска нафтена компанија, позната како Saudi Aramco, е далеку најпрофитабилната компанија во светот, достигнувајќи зашеметувачки 304 милиони американски долари профит секој ден. Кога ќе се преведе на микро-скала, тоа достигнува 3.519 долари во секунда.

Веројатно сте го гледале Saudi Aramcо на вестите во последно време, иако поради други причини.

Гигантската државна компанија се обидуваше да се појави на берза со агресивно вреднување од 2 трилиони американски долари, но оттогаш се одложува иницијалната јавна понуда повеќе пати, неодамна најавувајќи дека ќе се случи во декември 2019 или јануари 2020 година. Рафинериите на компанијата беа и предмет на напади со беспилотни летала минатиот месец, кои привремено запреа производство на 5,7 милиони барели нафта.

И покрај овие предизвици, Saudi Aramco сè уште стои високо – на крајот на краиштата, ваквите шокови се омекнуваат кога ќе ја споредите истата добивка со онаа на „Apple“, „Alphabet“ и „Facebook“ заедно.

Бројки на годишна основа

Профит од над 300 милиони американски долари на ден е прилично тешко за разбирање, но бројките се уште понеостварливи кога се на годишно ниво.

Saudi Aramco заработува 111 милијарди американски долари годишно, а тоа е со цени на нафтата кои се наоѓаат во опсегот од 50 до 70 долари за барел.

За да го ставите овој број во перспектива, погледнете го Chevron. Американскиот нафтен гигант е една од 20-те најголеми компании на индексот S&P500, но оствари профит од само 15 милијарди американски долари во 2018 година и во моментов се наоѓа со пазарна капитализација од 221 милијарди американски долари.

Ова го става профитот на Chevron на околу 10% од „Saudi Aramco“ – и ако „Saudi Aramco“  направи ИПО со 2 трилиони американски долари, тоа ќе го стави Chevron приближно на 10% од капиталот.