Кина ги престигна САД по бројот на милионери

Понеделник, 21 Октомври 2019 14:08 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Кина ги престигна Соединетите Американски Држави по бројот на милионери, покажува истражување на банката Credit Suisse.

Годишното истражување за глобалното богатство на швајцарската банка покажа дека од средината на оваа година 100 милиони Кинези биле во 10 отсто од најбогатите луѓе во светот, додека во САД биле 99 милиони.

„И покрај трговските тензии меѓу САД и Кина во текот на претходните 12 месеци, двете земји создале богатство“, се наведува во извештајот.

Бројот на милионери на глобално ниво пораснал за 1,1 милион. Тие заедно поседуваат речиси половина од светското богатство.

Само во САД бројот на милионери пораснал за 674 илјади во текот на периодот опфатен со извештајот. Во Австралија бројот на милионери се намалил за 124 илјади, во Велика Британија за 27.000, а во Турција за 24.000.