БИТКОИНОТ ВЕЌЕ НЕ Е НА ТРОНОТ: Еве која криптовалута е најпопуларна

Вторник, 08 Октомври 2019 13:21 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Контроверзната криптовалута Тетер го замени Биткоинот како најчесто користени сајбер пари. Иако биткоинот и понатаму има највисока пазарна капитализација од сите криптовалути досега, според податоците на веб страницата CoinMarketCap, дневниот обем на Тетерот постојано е поголем од биткоинот веќе неколку недели.

Податоците од саботата покажуваат дека во криптоменувачниците ширум светот се разменети 19 милијарди долари од Тетерот,  во однос на 15 милијарди долари вредни Биткоини.

Според некои експерти, Тетерот станал најважна валута во светот на криптовалути. Овие дигиталнни пари се таканаречени „Stablecoin“ - криптовалута која е поврзана со фиксна цена со конвенционална валута. Таа според тоа би требало, како и што кажува самото име, да биде постабилна од другите криптовалути со своите необично волатилнни курсеви.

Според авторите, хонгконгшката компанија Тетер е врзана за доларот и е покриена со резерви. Меѓутоа, има значајни сомненија во изјавите и деловното однесување на креаторот на Тетерот. До пред неколку месеци тврделе дека задржуваат долар во резерва за секоја издадена дигитална паричка, но потоа изненадно признале дека покриеноста е само 74 отсто.

Во САД против Тетер Лимитед се води истрага поради сомнение дека проневерил 850 милиони долари вложувачки фондови. Покрај тоа, има сомненија дека Тетер е користен за масовни манипулации со курсот на биткоинот, кој дословно експлодирал во 2017 година, а потоа доживеал крах . 

И покрај се, Тетер станува се популарен. Многу берзи, посебно во Азија, користат валтуа како замена за вистински долари за купување или продажба на Биткоин и други валути.