ЕК одлучи: Апаратите за домаќинство мора да траат најмалку 10 години без поправки

Среда, 02 Октомври 2019 13:10 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Со новите мерки донесени од Европската комисија за еко-дизајн на електрични уреди, кои ќе стапат во сила во 2021 година, е предвидено компаниите за бела техника да ги направат производите потрајни и да треба да обезбедат резервни делови за машините до 10 години. За првпат, тие вклучуваат барања за поправка и рециклибилност на уредите, придонесувајќи за целите на кружната економија преку подобрување на животниот век, одржување , повторна употреба, модернизација, рециклирање и третман на отпад од апарати.