НЕКОЈ СТАНА БИТКОИН-МИЛИЈАРДЕР: Не е познато кој ги примил и кој ги испратил парите!

Среда, 11 Септември 2019 13:19 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Рекордот за досегашна трансакција е забележан во 2017 година и изнесувал 872 милиони долари.

Пред неколку дена беше извршена биткоин трансакција вредна над 1 милијарда американски долари. Ова е видливо од повеќе извори кои ги следат сите трансфери со биткоини.

Сепак, кој го направил трансферот не е познато затоа што технологијата која стои зад крипто валутите, „блокчејн“,подразбира анонимност.

Во овој случај, 94.504 биткоини беа префрлени од неколку таканаречени „дигитални паричници“ на други. Во моментов тоа е 1 милијарда долари. Се гледа дека паричникот на примачот примил вкупно 30 трансакции, од кои 29, сепак, претставуваат само дел. Според „аналитичарите на токени“, најголем дел од парите доаѓаат од „Huobi Global“.

Во последниве години, биткоинот и другите криптовалути беа критикувани неколку пати затоа што анонимниот систем фаворизира криминална активност. Сè што ви треба е т.н. „паричник“, кој има идентификационен број. Сепак, ова не може директно да се поврзе со сопственикот.

Патем, рекордот за досегашна трансакција е забележан во 2017 година и изнесувал 872 милиони долари.

И терористите во последниве години сè повеќе го користат биткоинот. Иако имаше околу 100 трансакции на ден во 2009 година, тој број се искачи на 282.000 трансакции во 2017 година.