Цената на златото на шестгодишен максимум

Понеделник, 26 Август 2019 13:45 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Падот на акциите на азиските берзи ја крена денес цената на златото на шестгодишен максимум, бидејќи успаничените инвеститори бараа сигурно засолниште за своите средства.

Цената на златото рано утрово достигна ниво од 1.550 долари, што е највисоко ниво од април 2013 година и 20 процентен раст само во оваа година, објави Russia Today.

Таквиот пораст на златото е резултат на заострување на трговскиот конфликт помеѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пораст на акциите, обврзниците и цените на стоките.

”Поради сигнали за економски превирања, видовме промена на инвеститорите кон безбедни средства како злато”, изјави Мадхави Мехта, аналитичар на компанијата Kotak Securities, додавајќи дека оптимизмот во врска со златото обично расте со порастот на неизвесноста во поглед на глобалните пазари на капитал.