„Бритиш ервејс“ ќе плати глоба од 183 милиони фунти поради украдени лични податоци

Понеделник, 08 Јули 2019 13:10 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

„Бритиш ервејс“ може да добие рекордна глоба од 182 милиони фунти поради минатогодишниот упад во нивните сигурносни системи.

Авио-компанијата вели дека е изненадена и разочарана од казната изречена од страна на Регулаторната комисија.

Минатата година, од „Бритиш ервејс“ изјавија дека хакерите извршиле софистициран криминален напад врз нивната веб-страна.

Од комисијата велат дека ова е најголемата глоба која досега ја изрекле и прва која ќе биде јавно објавена, според новите регулативи.

Регулаторната комисија вели дека инцидентот се случил откако корисници на веб-страната на „Бритиш ервејс“ биле пренасочени на лажна веб-страна, преку која биле украдени лични податоци на околу 500.000 корисници, велат од комисијата.

Елизабет Денам од регулаторната комисија вели: „Личните податоци на луѓето се токму тоа – лични. Кога една организација не успева да ги заштити овие податоци од кражба или оштетување, тоа е повеќе од случајна грешка.“

„Законите се јасни – ако некому ги доверите важите лични податоци, тие мора да се грижат за нив. Оние кои нема да се грижат, ќе се соочат со соодветни мерки и ќе ги преземат потребните чекори за да го заштитат основното право на приватност“, вели Денам.