Расте силата на кинеските брендови

Четврток, 04 Април 2019 14:04 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Бренд студијата BrandZ, кој ја спроведоа WPP и Kantar, открила дека “силата на брендот” на водечките кинески компании пораснала за 15%, во споредба со истиот период минатата година, кога растот бил 5%.

Во извештајот на студијата BrandZ за 50-те најголеми глобални кинески брендови за 2019, исто така, заклучиле дека “силата на брендовите” најбрзо расте во Јапонија, Франција и Шпанија.

Резултатите на оваа единствена студија, која ги рангира кинеските компании според силата на нивните брендови надвор од границите на државата, ја нагласуваат динамиката и растечката конкуренција на кинеските компании кои стануваат светски брендови.

Трите најјаки кинески брендови се Huawei, Lenovo и Alibaba. Студијата вклучува 12 категории, како одраз на опсегот на бизнис областите во кои кинеските брендови излегуваат на странски пазари и растат. Електрониката за широка потрошувачка и игрите на мобилните уреди ги сочинуваат речиси половина од брендови кои се наоѓаат на листата на најголемите 50 (34% односно 14% од вкупната сила), а домашните уреди и е-трговија се следниот највисок процент со 11% односно 10%.

Меѓу водечките кинески производители на апарати за домаќинство најдобро е рангирана компанијата “Hisense”, која кон крајот на минатата година стана доминантен сопственик на Горење групацијата.

Набавката на облека на интернет го забележа највисокиот раст во однос на силата на брендот, со Sheln и Zaful како двигатели на овој раст од 57%. Растот на силата на брендот бил забележан во уште неколку други категории. Апаратите за домаќинство забележаа раст од 39%, е-трговијата 30%, паметните уреди 20%, банки/мрежа за платежни услуги и електроника за широка потрошувачка за 17% и игри на мобилни уреди 11%.

Автомобилската индустрија забележа пад од 5%.

Дејвид Рот, во име на WPP, глобалната истражувачка компанија која ги спроведува бренд студиите BrandZ смета:

– Кинеските брендови мора да размислуваат понапред од самото пуштањето на нивните производи на пазарот и да се свртат кон холистичкиот пристап кон градењето на еден бренд. Креирање на емоционално и уникатно разбирање на нивните брендови ќе претставува вистинска детерминанта на долгорочен успех надвор од Кина. Како што сите очи се вперени во Кина и нејзината улога во светската економија, овој извештај дава увид што може да биде ѕвезда водилка за најамбициозните, меѓународно ориентираните брендови на оваа земја и како да ги освојат странските пазари.

Листата на 50 најголеми глобални кинески брендови за 2019 година се базира на исклучително разбирање на она што ги мотивира потрошувачите, како да се задоволат нивните очекувања и како може да се изгради силен, вреден и важен бренд кој потрошувачите и инвеститорите ќе го сакаат.

Последен пат изменето на Четврток, 04 Април 2019 14:07