Испечатете ја страната

Трамп под истрага дека зел кредит ветувајќи бесплатни викенди на банкари

Среда, 20 Март 2019 15:28 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Германската „Дојче банк“ му позајмила повеќе од две милијарди долари на Доналд Трамп, пред да стане претседател на САД.

Покрај бројните сигнали кои укажуваа на тоа дека Трамп е во проблеми, пишува „Њујорк тајмс“, „Дојче банк“ сепак му одобри кредит.
 
Весникот интервјуирал повеќе од 20 поранешни и сегашни раководители и членови на Управен одбор на „Дојче банк“ за да овозможи подобар увид во историјата на односите на Трамп со германскиот кредитор, и за да го открие начинот на кој Трамп речиси две децении успевал да обезбеди финансирање од таа германска банка покрај неговите банкроти, додека истовремено, другите кредитори го сметале на ризичните клиенти, пренесе CNBC.
извештајот на „Њујорк тајмс“ е објавен откако двата германски кредитори, „Дојче банк“ и „Комерцбанка“, потврдија дека се во преговори за спојување, што придонесе за скок на нивните акции.
 
Според  „Њујорк тајмс“, во некои прилики, Трамп го зголемувал своето богатство, а на банкарите им ветувал награди во вид на бесплатен викенд во неговите вили на Палм Бич на Флорида за да ги добие кредитите.
Низ годините, Трамп ги користел кредитите добиени од „Дојче банк“ за изградба на облакодери и други луксузни недвижности, известува весникот. За германската банка, односот со Трамп бил клучен за креирање на нејзиниот инвестициско-банкарско работење, се наведува во извештајот.
„Дојче банк“, „Организацијата Трамп“ и Белата куќа не сакале да го коментираат извештајот на „Њујорк тајмс“, наведува CNBC, и потсетува дека односот на Трамп кон банката неодамна се најде под лупа на САД.
Имено, Канцеларијата на државниот обвинител во Њу Јорк, Комитетот за разузнавачка контрола и Комитетот за финансиски услуги во Конгресот, ги разгледуваа финансиските врски со таа германска банка со Трамп, пишува CNBC.