Неколку европски градови меѓу најскапите во светот

Вторник, 19 Март 2019 15:18 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Париз беше прогласен за најскап град во светот, заедно со Сингапур и Хонг Конг, според едно истражување на трошоците за живот во светот спроведено од „Економист Интелиџенс Јунит“ (ЕИУ).

Ваквиот податок воопшто не е изненадувачки со оглед на тоа што француската метропола со години е меѓу 10те најскапи градови во светот, тврди авторката Роксана Славчева.

Сепак, фактот дека градот скокна за шест места за две години не е незначителен, додава таа.

ЕИУ ги разгледува и ги споредува просечните трошоци за повеќе од 160 предмети – од храна, лична хигиена и облека, до домашна помош, превоз и режиски трошоци – во 133 градови низ 93 земји.

Иако Париз нуди релативно евтин алкохол, превоз и тутун, кога станува збор за лична нега, рекреација и забава, Париз е меѓу најскапите европски градови“, додава Славчева.

Градовите во Велика Британија стануваат релативно поскапи за домашните потрошувачи, но поевтини за странците поради ослабувањето на фунтата, Славчева исто така нагласи.

Нестабилноста на валутите доведе и до пад од 48 места на Истанбул во споредба со 2018 година и пад од 16 места на Москва.

„Влијанието на високата инфлација во овие земји врз трошоците на живеење е значително“, се вели во извештајот.

Меѓу најскапите европски градови, веднаш зад Париз, се најдоа и Цирих, Женева, Копенхаген и Осло. Од друга страна, ниту еден европски град не се најде меѓу првите пет на листата на најевтини градови во светот.