ИНТЕРЕСНО

Данска од наредната година на своите пруги ќе воведе возови на батерии. Министерот за сообраќај Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зеланд и Централен Јутланд да ги пуштат во работа пробните возови на батерии на две различни железнички линии.
Шведската модна компанија „H&M“ почна со тестирање на услугата за изнајмување облека.
Нова сорта јаболки под името „Космик крисп“, за чие развивање на научниците им биле потребни две децении и која наводно трае и до една година во фрижидер, од денеска е во продажба во САД.
Речиси 1.500 стари дворци би можеле да се најдат на продажба во блиска иднина во Франција, објави весникот „Ле Фигаро“, повикувајќи се на стручни лица и трговци со недвижнини.
Новата дебитна картичка на британската „Royal Mint“, наречена „Raris“, е најскапата кредитна картичка на светот и е направена од 18-каратно злато. Користењето на оваа картичка, односно купувањето со истата, има и своја цена и изнесува повеќе од 20.000 евра.
„Џокер„ е првиот филм во историјата обележан како филм за возрасни (R-rated) кој заработил милијарда долари. Уште од неговото излегување во кината во октомври, „Џокер“ веднаш стана еден од најконтраверзните филмови кои ја поделија публиката, едни мислат дека е брилијантен, а други сметаат дека е опасен поради насилните сцени кои ги содржи.
Според проценките на директорот на Спејс-Икс – Илон Маск, првиот град на Марс би се градел најмалку 20 години и за тоа би биле потребни барем 1.000 вселенски бродови.
Од почетокот на годината до денес, биткоинот бележи пораст од над 140% и неговата сегашна вредност е над 9.000 американски долари.
Градежната компанија „Адора Инженеринг“ во сопственост на Ванчо Чифлиганец кон крајот на минатата недела купи над 15.000 акции во Комерцијална банка за износ од 1,4 милиони евра, со што сега поседува 10,76 отсто од гласачките права. Компанијата ги откупи овие 15.191 акции на пазарна берзанска цена од 5.650 денари за акција, стои во соопштението на Комерцијална банка, доставено до Македонска берза. „Адора“ е најголем поединечен акционер во оваа банка и, според Централниот депозитар за хартии од вредност, претставува единствен субјект што поседува над 5 проценти од акциите во друштвото.
Најголемото парче од питата на заработка се повеќе се дели на се помалку и помалку компании, пишува Visualcapitalist. На пример, во САД, околу 50% од целиот остварен профит оди само кај 30 компании – назад во 1975 година, потребни беа 109 компании да го постигнат истиот подвиг: Оваа динамика, исто така, се манифестира на глобално ниво – и можеби е мало изненадување што најпрофитабилните компании во светот генерираат вртоглави приходи, што ќе го “збунат” секој сметководител. Која компанија остварува најмногу профит дневно? Денешниот инфографик доаѓа од HowMuch.net, и ги користи податоците од Fortune за да илустрира колкав профит врвните глобални…