Во очекување на објава на јавниот тендер за јавно наддавање кој треба да го објави АЕК, четири компании покажале интерес за учество ан тендерот за 5Г.

Македонски телеком, А1 Македонија , Битстрим Мобиле и Неотел се четирите компании кои пратиле писма до АЕК дека сакаат да учествуваат на јавното наддавање.

Имено, согласно Националниот оперативен бродбенд план до крајот на 2023 година оние компании кои ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност на најмалку еден град со 5Г сигнал а до крајт на 2027 сите во државата.

Сепак, до 2019 година обврска ќе им биде да му овозможат пристап на секој граѓани до интернет преку 5Г сигнал.