Владата ги повика општините да се подготват за секундарна гасификација, за гасот како евтин и еколошки енергенс следната година до дојде до компаниите и домаќинствата.

„Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините за да ја градат општинската мрежа за гасот што побрзо да го донесеме до домовите и компаниите“, порача премиерот Зоран Заев при увидот во изградбата на кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Битола.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески порача дека општините треба да ги сработат проектите, за да се почне со секундарна гасификација.

Како што неодамна објавивме, општините Прилеп и Битола веќе склучија договори со компании кои треба да изработат проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа.

Гасоводната делница Неготино-Кавадарци-Битола е изградена 83 километри од вкупно 92, при што директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи очекува дека до крајот на годината таа ќе биде повеќе од 90 проценти завршена.

Од влупно 1,5 милијарди денари предвидени во буџетот за гасификација, до сега се искористени 900 милиони денари, а се очекува 100 процентна искористеност на парите за овој капитален проект.

Централното претседателство на СДСМ доцна попладнево ќе одржи седница на која ќе избира нови потпретседатели на партијата и министер за финасии. Директорката на Групер, Нина Ангеловска ќе биде предложена за министер за финасии. За потпретседатели прелдожени се министрите Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, пратеникот Мухамед Зекири и Пи-ар експертот Коста Петров кој работеше и во кабинетот на на поранешниот министер за здравство, а сега градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.  Фросина Ременски заминува од потпретседателската функција.

Партиски извори за Телма велат дека Ангеловска ја прифатила понудата да биде нов министер за финасии откако претходно антикорупциската комисија утврди дека кај премиерот има судир на интереси и не може истовремено да биде и претседател на влада и министер. 

Тегла домашен ајвар годинава ќе чини барем десет денари повеќе од лани. Ова го покажуваат пресметките на денар.мк според актуелните цени на пиперката. Земјоделците велат дека не очекуваат поевтинување во екот на сезоната која почнува од септември.

Откупната цена достигна 29 денари

Откупната цена на пиперките во моментот изнесува 29 денари. За ова информираше премиерот Зоран Заев кој на својот Facebook профил напиша дека ова значи повеќе пари за земјоделците и повеќе пари за сите.

„За 93% е зголемена откупната цена на пиперката, од 15 денари во јули 2015-та година на 29 денари за килограм оваа година. Земјоделците и производството на храна се наш приоритет! Ги зголемуваме приходите кај земјоделците со растот на откупната цена на земјоделските производи“ напиша премиерот на социјалната мрежа.

Сепак, поскапите пиперки можеби се добра вест за земјоделците, но не и за сите граѓани, особено не за оние кои прават зимница.

Градинарите очекуваат високи цени

Производителите на пиперки очекуваат високите цени да останат. Годинава во струмичко се очекува да се наберат 20 до 25 илјади тони ајварка, а од цела Македонија околу 45 до 50 илјади тони.

„Родот е со доста добар квалитет, подобар и од лани. Невремето кое го зафати овој крај во јуни за среќа не предизвика големи штети по пиперките“ вели производител од струмичко.

Земјоделците велат дека оваа цена на пиперката е логична со оглед на големите трошоци за производство и дека пазарот е оној кој утврдува колку ќе чини килограм.

„30 денари можеби е многу за купувачите, но за нас продавачите е и малку. Поскапа е нафтата, поскапо е се. Трудот веќе никој не ни го цени“ вели производител од струмичко.

Тегла домашен ајвар чини околу 80 денари, 10 денари повеќе од лани

И покрај поскапите пиперки домашниот ајвар секако останува најевтината варијанта, ако не се земе предвид работната рака односно вложениот труд.

Пресметките на денар.мк покажуваат дека една тегла годинава ќе чини 80 денари. До оваа сума се доаѓа кога се ќе собере.

Ако килограм пиперки чини 30 денари, а дозата е 50 килограми; само за главната состојка се потребни 1.500 денари. На оваа количина пиперки се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чинеле 200 денари. За зејтин треба да се одвојат околу 350 денари колку што чинат 5 литри. Оттука вкупните трошоци надминуваат 2.000 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 25 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини 80 денари.

Според ланските цени на пиперката пресметката покажуваше дека тогаш тегла ајвар чинела 70 денари.

Откако Јавното обвинителство оформи предмет за случајот „Рекет“ и три лица отидоа во притвор, меѓу кои и специјалната обвинителка Катица Јанева, Управата за јавни приходи најави дека ќе изврши контрола на работењето на фирмите поврзани со првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13. Како што рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска, тие ќе испитуваат дали 1ТВ, БЈМ Медиа груп и МеЃународен сојуз ги платиле сите обврски кон државата.

Според поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, оваа контрола требало да се изврши порано, а не кога обвинителството веќе врши истрага.

„Она што е чудно во овој случај е што УЈП најавува таква контрола кога веќе обвинителството има истрага. Сега веќе нема простор за таква контрола, таа требало да се направи порано. Сега УЈП треба да постапува само по налог и со насоки на јавното обвинителство, а не да прави редовна контрола“, вели Тасева.

Во однос на тоа дека УЈП ја најави контролата, Тасева објаснува дека тоа е вообичаено и дека се прави и кога Управата оди во редовна контрола на компании, односно кога нема некој случај за кој е заинтересирана јавноста.

„Таа постапка е различна од онаа кога јавен обвинител оди да собира докази. За контролите на УЈП е потребно фирмите да бидат информирани, за да бидат подготвени, да ја имаат потребната документација што ќе им биде побарана итн“, додава Тасева.

Според информации од УЈП, во фирмите на Јовановски ќе се врши даночна контрола, што е во рамките на нејзината работа. Контролата е по сопствена иницијатива на управата и не е по налог на јавното обвинителство, но евентуалните сомнителни наоди ќе им се предадат на обвинителите.

Невладината организација Меѓународен сојуз го привлече интересот на јавноста и на истражните органи откако бизнисменот Силјан Мицевски ѝ испратил на пензионерката Лилјана Тодоровска авторски хонорар од 720 илјади евра за идејата преку организацијата да се градат европски пензионерски домови. За 1 ТВ, пак, во јавноста се отвораа прашања за потеклото на парите со кои се финансираше телевизијата, која вложи во скапа опрема и ангажираше поголем број искусни новинари. 

Од УЈП велат дека нема да го утврдува потеклото на парите, туку дали за платите, хонорарите и за другите исплати во овие субјекти бил плаќан данок.

Хрватската држава почнува нов бран приватизација како услов за воведување на еврото, наместо националната валута куна. Владата изработи акциски план за влез во еврозоната со кој се обврзува дека ќе ја забрза продажбата на своите удели во државните претпријатија.

 

На продажба ќе се најдат 90 претпријатија, кои ќе се продаваат во три круга. Првата приватизација ќе се спроведе во септември годинава, втората до крајот на годината, а третиот круг на почетокот на 2020 година.

Предмет на продажбата ќе бидат уделите во претпријатијата во кои државата има симболично учество во акционерскиот капитал, а во некои тие се и помалку од еден отсто. Во првиот пакет за продажба ќе се најдат туристичките претпријатија.
Процените се дека од продажбата на еден отсто од уделите во една од хотелските групации државата може да оствари приход од 19 милиони куни. Од компаниите во кои државата имал мал удел, најмногу приходи можат да се остварат од продажбата на акциите во хрватскиот телеком. Државниот дел во оваа фирма изнесува околу 1,5 отсто, а според сегашната пазарна вредност тие би изнесувале околу 200 милиони куни.

Во оваа фаза од приватизацијата нема да се најдат компаниите во кои државата е сопственик со повеќе од 15 отсто од капиталот, како што се „Подравка“, „Кроација осигурување“, пристаништето во Риека, „Петрохемија“… Иако тие не се фирми од посебен државен интерес, нивната продажба ќе биде одложена за други времиња.
Исто така, нема да се приватизираат ни поголемите компании како што се ХЕП, ХАЦ и „Хрватските пошти“.

Германскиот Daimler планира тешки камиони од марката Mercedes Benz да произведува во Кина и да ги обнови фабриките за камиони чиј сопственик е неговата локална компанија.

Ова ќе го продлабочи сојузот помеѓу Daimler и неговиот кинески партнер, компанијата Beigi Foton Co.

Овој потег доаѓа откако компанијата Beijing Automotive Group (BAIC), матична компанија на Foton, минатиот месец купи пет проценти акции во Daimler.

Уште во 2016 година, тогашниот директор на одделот за тешки камиони на Daimler за германските медиуми изјави дека производството на тешки камиони под името Actros марка Mercedes Benz е планирано во Кина до крајот на оваа деценија.

Според најновиот план, мешаната компанија Beijing Foton Daimler Automotive (BFDA) ќе започне со производство на Actros на своите производни линии, кои во моментот произведуваат камиони Auman, велат извори запознаени со ситуацијата.

Сите камиони на Mercedes Benz кои моментно се продаваат во Кина се увезуваат и нивната цена е значително повисока од цената на камионите, кои се направени во земјата.

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  „Купи куќа купи стан“ од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се влијае на  стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе. Дополнително се поддржува пораст на градежниот сектор во делот на високоградба преку градење на нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а сето тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојуз на стопански комори на Македонија.

Претседателот на Градежна комора на Македонија,  г. Ивица Јаќимовски истакна дека со овој проект бенифити имаат и компаниите преку зголемената продажба на изградени високо квалитетни и енергетски ефикасни станови, младите луѓе кои со многу поволни услови ќе можат да дојдат до нов стан, локалните самоуправи  но и централната власт.

„ Градежната комора на Македонија која е единствената комора која го обединува градежниот сектор, го поддржува проектот Купи куќа купи стан бидејќи тој е во заеднички интерес на сите, а пред се на граѓаните кои полесно ќе се одлучат да инвестираат во својата иднина и да останат да живеат и работат во Македонија. Покрај тоа овој проект ќе придонесе и за развој на руралните општини каде цената за изградба на објекти во високоградба по метар квадратен е значително пониска во однос на централното градско подрачје.  Тоа ќе придонесе и за развој на другите стопански гранки во нашата земја како и со директни инвестиции за развој на општините.“, истакна Јаќимовски.

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб-страницата на Министерството. Од финансии велат дека за неполни три месеци откако стапиле на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем, а причина за тоа се намалените каматни стапки, новиот модел „Купи стан за млади“, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете.

“За државата е многу важно секој граѓанин да има можност да се стекне со сопствен дом. Од таа причина пристапивме и кон подобрување на моделите за Купи куќа, купи стан. Условите се подобрени најмногу во делот на купување на станови, каде впрочем интересот на младите е ѝ најголем. Во овој дел, младите до 35 години, од државата согласно новите подобрени услови добиваат до 70 проценти субвенција на ратата во првите пет години од отплатата на кредитот.

Секако останува и опцијата за помош при отплатата на учеството на оние на кои им е потребна помош за учество за кредит. Така оние кои наместо субвенција на рата ќе го одберат моделот субвенција на учество ќе добијат 70 проценти помош од државата од учеството за станот.

Но секако за овој проект да биде успешен, потребно е на пазарот да има изградба на станови со цена до 900 евра за метар квадратен.

Од градежната комора добивме уверување дека такви станови има и дека се градат. Секако вакви станови нема во централното градско подрачје. Но во останатите делови на главниот град и во другите градови низ државава се градат. Но за ова ќе оставам поделно да информираат од градежната комора, со кои на наша огромно задоволство го организиравме денешниот настан.

Дополнително би истакнала дека согласно новите услови, сега граѓаните можат да аплицираат за субвенциониран станбен кредит по намалени каматни стапки. Така, каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години изнесува 2,9 проценти, а за третата и за четвртата година 3,9 проценти. Несомнено, каматните стапки на субвенционираниот станбен кредит се едни од најниските кои во момнетов се нудат.

Воедно, намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор. 

Ниските каматни стапки ќе бидат поттик и за намалување на каматните стапки кои ги нудат банките за останатите станбени кредити.

Тука би нагласила и за вкупната субвенција кои ја добиваат младите доколку аплицираат за овој кредит. Корисниците што ќе го одберат моделот „субвенција на рата“, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата  изнесува 11.900 евра.
Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, за кредит од 50 илјади евра од државата ќе добијат од 8.750 евра.

Дополнително, корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти. 

Секако останатите модели остануваат. Така субвенциите за стан за лица над 35 години остануваат исти, така што и тие што до таа возраст не се стекнале со сопствен стан, имаат помош од државата.

За лицата над 35 години искреиравме нов модел Купи куќа над 35 години. Имено оние кои имаат над 35 години и сакаат да изградат или да купат куќа ќе добијат субвенции од 80% од месечната рата во првите пет години, или 80 проценти од учеството.
Тука би застанала, би информирала дека планираме и саем Купи куќа, купи стан, на кој ќе бидат поканети сите градежни компании и банки, за кој наскоро ќе дадеме повеќе информации.” изјави заменик министерот г-ѓа Елези

Претседателот на Собранието Талат Џафери за во вторник закажа собраниска седница на чиј дневен ред е предлог-закон за јавно обвинителство. Предлогот во собраниска процедура влезе пред пратеничите одмори.
 
Предлог-законот е испратен во парламентот со европско знаменце, што ги ограничува можностите за негова процедурална блокада. Иако седницата е закажана, засега е неизвесно обезбедувањето на двотретинското мнозинство потребно за донесување на законот.

Голем број граѓани ова лето се пожалиле во Организацијата на потрошувачи дека туристичките агенции не им ги враќаат парите за неискористениот дел од одморот во Грција поради невремето што се случи минатиот месец.

– Граѓаните велат дека немале услови да останат понатаму на одмор затоа што немало струја во сместувањето што го уплатиле преку туристичка агенција и затоа бараат поврат на парите за неискористените денови. Но туристичките агенции велат дека невремето е виша сила, тие не можат да предвидат дека нема да има струја и затоа ги одбиваат поплаките на туристите – објаснува Бранко Костовски, правен експерт во Организацијата на потрошувачи.

Костовски вели дека досегашната практика покажува оти околу 90 отсто од поплаките на туристите не се прифатени од туристичките агенции.

Следните 40 години веројатно ќе бидат едни од најважните со кои некогаш ќе се соочи Европа.

Промената на политичката агенда и претстојното заминување на Велика Британија од ЕУ ги тера многу економисти да се прашуваат како различните економии ќе се справат со промената, пишува „Претприемник“.

Во 2010 година, само две години по финансиската криза, економијата на Луксембург стана најбогата во Европа, регистрирајќи драматично зголемување во периодот пред рецесија.

Богатството на економиите често се мери со БДП. Теоретски, колку подобро работи локалната економија, толку повеќе се создаваат можности (работни места, бизниси и инвестиции), што значи дека луѓето сега следат повеќе на БДП за да утврдат каде се базираат најдобрите места за инвестиции и работа .

Новиот извештај од Гросвор открива како тие мислат дека БДП по глава на жител за секој европски регион ќе се менува секоја година во текот на следните 40 години. Подолу ќе видите каде се најбогатите области во Европа сега и во наредните 20 и 40 години соодветно .

Најбогатите градови во Европа во моментов:

Луксембург
Гронинген
Инголштат
Дизелдорф
Братислава
Париз
Хајлброн
Минхен
Букурешт
Регенсбург

Во моментов, Луксембург е домаќин на најпросперитетната економија, мерена според БДП по глава на жител. Главниот град со исто име, познат по средновековниот дух, нуди не само привлечна историска архитектура, туку и одлични можности за работа.

Еве ги најбогатите градови во Европа до 2040 година:

Луксембург
Гронинген
Букурешт
Инголштат
Париз
Братислава
Дизелдорф
Даблин
Хајлброн
Виторија-Гастииз

До 2060 година, истражувањето покажува дека пет градови со седиште во Германија ќе бидат во првите 10 од најбогатите региони во Европа, вклучително и Горлиц, Ашафенбург, Дизелдорф, Швајнфурт, Нојбранденбург.

Гледајќи кои европски региони најмногу растат, германскиот град, Нојбранденбург скокнува со 168 места – најмногу од кој било град вклучен во истражувањето.

Првото место ќе го заземе главниот град на Романија Букурешт. Со плати пониски од просекот на ЕУ, тој привлекува многу странски компании.

10-те најбогати градови во Европа во 2060 година:

Букурешт
Луксембург
Гронинген
Париз
Горлиц
Ашафенбург
Даблин
Дизелдорф
Швајнфурт
Нејранденбург

Понеделник, 19 Август 2019 11:16

Грчките кампови преполни

Оние што сакаат да ги поминат годишните одмори во Грција кампувајќи се многу, а туристите прават резервации барем една година порано. Владата ветува дека ќе ги зголеми местата следната година за да ги задоволи сите љубители на кампот.

Решението може да се постигне само со брза интервенција на Владата и Министерството за туризам. Постојат и Грци и странци кои се подготвени да инвестираат.

Според статистичките податоци, има прекрасни места за кампување, но земјата е во сопственост на општините и тешко е да се дојде до договор. Хотелиерите нудат намалување на данок и споделување на трошоците и придобивките меѓу сопствениците и општините.

За споредба, во Грција има 350 кампови и 1.200 во Шведска.

Исто така, се разгледува опција за камповите да работат во текот на целата година. Досега, во Атина, близу до археолошките места, има четиригодишни кампови и се зафатени цело време, според туристичката индустрија.

Страница 10 од 109