Градските власти во Берлин планираат да ја ограничат месечната закупнина за станови на 7,97 евра за метар квадратен, како дел од планот за замрзнување на висината на киријата кој беше договорен претходно годинава, објави весникот „Тагешпигел“, повикувајќи се на нацрт-законoт.

Берлинската сенаторка за урбан развој, Катрин Ломпшер, планира ваквата мерка да ја воведе за станови изградени до 2013 година, а од неа би биле исклучени становите изградени по 2014 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Предлог-законот сè уште е предмет на дискусија и може да претрпи измени, наведува весникот.

Се очекува сенатот до 15  октомври да го достави нацрт-законот до градскиот парламент, а законот би требало да стапи на сила во јануари следната година.

Берлинските власти одлучија дека кириите за станови не смеат да се зголемат во наредните пет години, со цел да го контролираат вртоглавиот пораст на цените на недвижностите во германската метропола која некогаш била позната по ниските трошоци за живот.

Новиот „Фиат 500 жардиниери“, кој на пазапарот би требало да го замени моделот „500-L“, нејзверојатно ќе се произведува во Србија, најавуваат италијанските медиуми, а сега потсетува специјализираниот италијански сајт „clubalfa.it.

„Жардиниери“, како што тврди италијанскиот сајт повикувајќи се на менаџментот на „Фијат“, веројатно ќе се произведува во фабриката за автомобили „Фиат Крајслер“ во Крагуевац, каде сега се произведува „500-L“.

Како што пренесува „Политика“, италијанско-американската групација допрва треба да ја потврди оваа вест, а „жардиниери“ би требало да се симне од производствената лента во текот на 2021 година.

Овој автомобил веројатно ќе има и електрична верзија.

„Жардинерија“ во превод значи „сад за цвеќе“, но во овој случај има и пошироко значење, наведува весникот.

Витаминка ќе додели 4 целосни стипендии за додипломски студии за академската 2019/2020 година. Стипендиите ќе се доделат по две на Машинскиот факултет во Скопје, и тоа во некоја од насоките производно инженерство; материјали, процеси и иновации; индустриско инженерство и менаџмент; мехатроника; автоматизација и управувачки системи. Другите две стипендии ќе бидат за кандидатите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, односно некоја од насоките електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија; електроенергетика, управување и менаџмент.

Со доделувањето стипендии Витаминка има за цел да ги поттикне младите да го изградат својот професионален профил во некоја од техничките насоки и ги повикуваат да се пријават на конкурсот.

„Доделувањето стипендии е во склоп со нашата корпоративна одговорност и со компаниската филозофија за значењето на стручното високо образование како и константната потреба од вакви кадри за производните процеси. Токму затоа, стипендиите се лоцирани во машинските и електротехнички насоки, каде што веруваме дека има големи капацитети и уште поголеми потреби, а сето тоа отвора и многу можности за образованите академски граѓани да станат професионалци“, велат од компанијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од конкурсот, да покажат желба и амбиција за образување во овие области. Студентите кои ќе ги добијат стипендиите ќе бидат обврзани за редовно студирање и запишување на семестрите како и на задолжителна феријална пракса во Витаминка, во текот на летниот период во траење од најмалку 30 (триесет) дена.

Холандискиот скејл-ап Sales.Rocks, една од брзорастечките софтверски компании во Македонија, го збогатува своето порфолио со алатка за напредно пребарување копмании и контакти за прецизно таргетирање на потрошувачи.

„Company Search” модулот е практична алатка наменета за сите маркетери и агенти за продажба. Користејќи филтри за пребарување како локација, индустрија, големина и статус на компанија, опции за контактирање (одговорно лице, телефонски број, мејл, веб-страница) и многу други, овој модул им овозможува на компаниите да ја надополнат својата датабаза со релевантни податоци за своите идни потрошувачи.

Оваа иновативно решение овозможува пристап до повеќе од 33 милиони детални и редовно ажурирани компаниски информации добиени од јавни извори.

“Наместо професионалците да трошат време и пари рачно пребарувајќи информации за своите потрошувачи, можат да ги искористат предностите од Bulk алатката и за неколку минути да креираат прецизно таргетирана база на податоци”, истакна извршниот директор и основач на Sales.Rocks, Карстен Броих, додавајќи дека Sales.Rocks постојано е во потрага по амбициозни луѓе од Македонија кои би сакале да бидат дел од тимот на оваа брзо растечка компанија.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Северна Македонија денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.4922.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.3186, додека на британската фунта изнесува 67.7152.

Последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје (раст од 3,1 проценти), додека другите акции забележаа пад.

Орце Камчев изутринава се појавил пред шефицата на обвинителството за гонеење на организиран криминал Вилма Русковска. Бил викнат како сведок, без најава ниту информација во медиумите. Така и си заминал, а што кажал останува тајна во истрагата. Тој пријави „рекет“, а ги снимил Боки 13 и Зоки Кичеец како изнесуваат од неговиот дом во скапа чанта еден милион евра. Камчев ототгаш го снема во јавноста ,а до вчера летуваше со јахтата. Пред два дена одново стана прва вест во меидумите откако интернет портал незаконски објави мал дел од неговиот исказ кога ја поднесувал кривичната пријава. Откако, пак, Катица Јанева од обвинителската фотеља се пресели во истражниот затвор, советот на обвинители утре ќе расправа и за одземањето на нејзината функција. Ќе додржи ли ЈАнева до 15 септември кога истекува нејзиниот мандат или советот ќе пресече и ќе отпочне постапка за поставување на вршител на должноста на нејзино место треба да произлезе од утрешната дебата, меѓу обвинителите. Претседатлот на советот Коле Шетрјев одново повтори дека утре ќе застане на страната според која со законот за СЈО не може да се постави вршител на должност.

  • Утре ќе почне расправата, на крај ќе видиме дали има елементи за разрешување на Јанева или можеби ќе нема согласност за тоа. Ако одлучиме дека се разрешува, се изготвува Извештај, кој го праќаме до Собранието, изјави за Телма, Штерјев.

Темата во советот е вмешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот Рекет, А седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста, бидејќи материјалите за Јанева се дел од предметот „рекет“ кој се уште е во истрага. Советот може да почне постапка за разрешување на Јанева врз основа на констатација дека Јанева работела незаконито, нестручно и несовесно си ја вршела функцијата. Наспроти Штерјев републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека во Законот за јавно обвинителство постои опција да се постави вршител на должноста.  Јовески се повика на одредбата од Законот за СЈО во која се вели дека за се што не е регулирано со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за јавното обвинителство. Извештајот на советот ќе патува до Собранието, а по комисиското разгледување и во согласнсот на четирите партии со најголем број пратеници, Собранието пленарна седница со двотретинско и Бадентерово мнозинство, треба да утврди формален предлог за разрешување на Јанева, кој ќе оди на финално решавање во Советот. Јанева физички не може да ја извршва функцијата од зад решетки откако стана осомничена во „Рекет“ дека ја злоупотребила службената положба. Заедничко на Боки 13, Кичеец и ЈАнева е ОРце Камчев кој, пак, за Јанева беше осомничен во случајот за перење пари „Империја“, но со нејзнин потпис тој излезен од притвор, и доби привремен пасош.

Падот на акциите на азиските берзи ја крена денес цената на златото на шестгодишен максимум, бидејќи успаничените инвеститори бараа сигурно засолниште за своите средства.

Цената на златото рано утрово достигна ниво од 1.550 долари, што е највисоко ниво од април 2013 година и 20 процентен раст само во оваа година, објави Russia Today.

Таквиот пораст на златото е резултат на заострување на трговскиот конфликт помеѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пораст на акциите, обврзниците и цените на стоките.

”Поради сигнали за економски превирања, видовме промена на инвеститорите кон безбедни средства како злато”, изјави Мадхави Мехта, аналитичар на компанијата Kotak Securities, додавајќи дека оптимизмот во врска со златото обично расте со порастот на неизвесноста во поглед на глобалните пазари на капитал.

Деловната доверба во Германија се влоши над очекувањата во август, „паѓајќи“ на најниско ниво од ноември 2012. година, покажаа резултатите од едно истражување.

Индексот на бизнис климата, кој го пресметува Економскиот институт „Ифо“ во Минхен, падна на 94,3 поени во август од највисоко ревидинарите 95,8 поени во јули, се вели во соопштението на Институтот „Ифо“.

Податоците за август, што укажуваат на петти последователен месец на опаѓање, се пониски од очекувањата на аналитичарите од 95,1 поен.

– Постојат сè повеќе индикатори за рецесија во Германија – рече претседателот на „Ифо“, Клименс Фуест.

Компаниите се помалку задоволни од тековната деловна состојба и нивниот песимизам се зголеми кога станува збор за наредните месеци, додаде Фуест.

Со денешната одлука на Регулаторната комисја за енергетика, од ноќеска на полноќ стапува во сила новиот ценовник за горивата. Согласно најновата одлука, цените на бензинот остануваат исти, а дизелот поскапува за половина денар.

 

Супер 95 – 66,50ден

Супер 98 – 68,50ден

 

Дизел – 61,00ден

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица-гас“ по распишаниот тендер за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа склучи договор со трговското друштво за производство,трговија и услуги „Конти хидропласт“ ДООЕЛ Гевгелија.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 3.000.000 денари или околу 48.000 евра.

Условите и безбедноста при работа втора најголема причина за иселување на младите.

Од Здружението за заштита при работа велат дека заедно со останатите балкански земји сме најлоши во Европа шо имплементација на регулативите од Европската Унија.

Во  Македонија направени се 11 измени на Законот за безбедност и заштита при работа за 12 години, но од тоа нема ефект.

Најчесто правилата се почитуваат во големите компании, а најмалку во микро и малите.

Страница 9 од 109