Рекордот за досегашна трансакција е забележан во 2017 година и изнесувал 872 милиони долари.

Пред неколку дена беше извршена биткоин трансакција вредна над 1 милијарда американски долари. Ова е видливо од повеќе извори кои ги следат сите трансфери со биткоини.

Сепак, кој го направил трансферот не е познато затоа што технологијата која стои зад крипто валутите, „блокчејн“,подразбира анонимност.

Во овој случај, 94.504 биткоини беа префрлени од неколку таканаречени „дигитални паричници“ на други. Во моментов тоа е 1 милијарда долари. Се гледа дека паричникот на примачот примил вкупно 30 трансакции, од кои 29, сепак, претставуваат само дел. Според „аналитичарите на токени“, најголем дел од парите доаѓаат од „Huobi Global“.

Во последниве години, биткоинот и другите криптовалути беа критикувани неколку пати затоа што анонимниот систем фаворизира криминална активност. Сè што ви треба е т.н. „паричник“, кој има идентификационен број. Сепак, ова не може директно да се поврзе со сопственикот.

Патем, рекордот за досегашна трансакција е забележан во 2017 година и изнесувал 872 милиони долари.

И терористите во последниве години сè повеќе го користат биткоинот. Иако имаше околу 100 трансакции на ден во 2009 година, тој број се искачи на 282.000 трансакции во 2017 година.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан.

На средбата, претставничката на УНДП го информираше претседателот Пендаровски за актуелните проекти како и за идните приоритетни активности на организацијата во Република Северна Македонија.

Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставената плодна соработка меѓу Северна Македонија и мисијата на УНДП изразена низ голем број успешно реализирани проекти и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз подобрувањето на целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на мисијата во остварувањето на нашите развојни цели, како и нивниот директен и несебичен ангажман на нашиот реформски пат во остварувањето на нашите стратешки приоритети, членството во ЕУ и НАТО.

Во тој контекст Претседателот ја потенцираше и неопходноста од понатамошна максимална вклученост и активна соработка со УНДП од страна на сите институции и граѓански организации на локално и централно ниво.

Познатиот келнер, но и комичар Тим Дан од Њујорк откри 5 пијалоци кои тој никогаш не би ги порачал во кафуле.

Мохито

Според него, ќе добиете лоши и неквалитетни состојки како сушено нане и трула лимета. Наместо тоа, тој препорачува да порачате Бакарди и газиран сок.

Точено пиво

Тој открива дека овој пијалок е полн со бактерии од бурињата кои речиси и никогаш не се чистат. Вели дека доколку сакате да проверите дали тие ги чистат бурињата, треба да го проверите тоалетот на кафулето.

Коктел со млеко

Популарен пијалок во американските барови и е White Russian за кој се вели дека се користи млеко со поминат рок.

Вино

Најчесто е суперевтино и со лош квалитет. Посебно кога станува збор за наливните вина.

Ладен пијалок

Во секој ладен пијалок секако се додава мраз кој се користи од ледоматите кои исто така никогаш не се чистат.

Потпретседателот на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулебанова и директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски со компании членови на Сојузот, дискутираа за важноста од дигитализацијата и осовременувањето на Царинското работење.

За да се обезбеди успех на реформските програми потребна е конструктивна и одржлива двонасочна комуникација и интеграција помеѓу царината и деловната заедница.

Управата за јавни приходи ве известува дека веб апликацијaта МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 % од ДДВ и бришење на фискални сметки коишто се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски албански и англиски јазик.

Веб Апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк којшто е поставен на официјалната веб страната на УЈП https://mojddv.ujp.gov.mk/

Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/721

Пазарната цена на акција на „Алкалоид“ ја допре психолошката граница од 10.000 денари. Без акцијата на „Алкалоид“ не може да се замисли портфолио на посериозен инвеститор, а задолжително на институционален инвеститор. Тајната е редовно делење дивиденда, која е поголема од година вгодина и давање позитивен пример со тоа што првите луѓе на фирмата со наградите и бонусите купуваат акции на „Алкалоид“. И кога тоа го правиш во континуитет го добиваш заслуженото место

Менаџментот на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“ продолжува да биде пример за афирмативна корпоративна пракса. Првиот човек на компанијата Живко Мукаетов купил 500 акции со право на глас во компанијата со која управува, објавено е на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.  Веста за корпоративната заедница е дека генералниот директор на фармацевтскиот гигант вложил околу 70.000 евра во акции на компанијата со која раководи. Тоа е вест што во континуитет е присутна на информативниот сервис на берзата и се однесува на членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“.

Оваа информација носи позитивна порака за сите потенцијални купувачи на акцијата на „Алкалоид“, а воедно е и охрабрувачка порака за имателите на таа акција. Секако дека единствено може да се оцени како позитивна вест фактот што генералниот директор кој е претседател на Управниот одбор, а воедно и најголем акционер докупува акции во „Алкалоид“. Според официјалната евиденција на ЦДХВ Мукаетов е најголем поединечен акционер во таа компанија и поседува 8,5 отсто од акциите со право на глас во „Алкалоид“.

Корпоративната политика на менаџментот на „Алкалоид“, меѓу другото, од аспкет на позитивен однос кон инвеститорите има две важни поенти. Првата е таа што „Алкалоид“ е единствената компанија (заедно со Македонијатурист н.з.) чија акција котира на берзата и чиј менаџмент секоја година докупува акции со право на глас и исплаќа редовно дивиденда на своите акционери. Токму заради овие причини,  а особено заради редовната исплата на дивиденда чиј износ се зголемува секоја година, „Алкалоид“ е неизбежен стек во структурата на секој инвестициски фонд во земјава. Тоа значи дека професионалците за вложување во хартии од вредност оваа акција ја препознале како одлична долгорочна инвестиција.

„Алкалоид“ за половина година има приходи од продажба кои изнесуваат речиси 90 милиони евра и тие во однос на истиот период бележат раст од 15 отсто. „Алкалоид“ е македонска извозна гордост затоа што 60 отсто од неговото производство се пласира во странство како готово производ. При тоа извозот за првите шест месеци пораснал за 21 отсто во однос на лани. На домашниот пазар продажбата пораснала за 6 отсто и надминала 30 милиони евра. Добивката на „Алкалоид“ за половина година изнесува 7,5 милиони евра и пораснала за 22 отсто во споредба со лани.

Од сите изнесени факти погоре, а имајќи ја предвид конкуренцијата на таа акција на нашата берза, не треба да зачудува тоа што акцијата на „Алкалоид“ неодамна ја допре психолошката граница од 10.000 денари за акција. 

“BACK TO SCHOOL” акција во „Нептун"! До 17-ти септември големи попусти на смартфони, лаптопи, таблети и до 24 рати без камата со haPPy кредит, кредитни картички и синдикална продажба.

На почетокот на школската година подновете се вие и вашите најсакани по одлични цени и со можност за плаќање до 24 рати без камата! Разгледајте ги одличните понуди онлајн на Neptun.mk или во 25-те продажни салони на „Нептун" ширум Македонија. Во „Нептун" може да најдете производи од вашите омилени брендови: Samsung, Huawei, Apple, Asus, Acer, Lenovo, HP, Lenovo, Canon, Sony, Xiaomi и многу други.

 

„Нептун" има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, мобилна апликација NEPTUN за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. „Нептун" лансираше и дигитална верзија на “haPPy” картичката за лојалност со која им овозможи на клиентите да ја активираат/дигитализираат својата постоечка “haPPy” картичка на својот мобилен телефон преку веб сајтот Neptun.mk или преку мобилната апликација NEPTUN. За потрошувачите што немаат “haPPy” картичка, „Нептун" им овозможи промотивен период во кој ќе може да си купат онлајн “дигитална haPPy” картичка на 50% попуст. Со дигиталната “haPPy” картичка клиентите ќе може да ги користат бенефициите од лојалната програма во продавниците на “Нептун” ширум Македонија како и при онлајн шопинг на Neptun.mk.

„Нептун" најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21 год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун" е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Градските власти во Берлин планираат да ја ограничат месечната закупнина за станови на 7,97 евра за метар квадратен, како дел од планот за замрзнување на висината на киријата кој беше договорен претходно годинава, објави весникот „Тагешпигел“, повикувајќи се на нацрт-законoт.

Берлинската сенаторка за урбан развој, Катрин Ломпшер, планира ваквата мерка да ја воведе за станови изградени до 2013 година, а од неа би биле исклучени становите изградени по 2014 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Предлог-законот сè уште е предмет на дискусија и може да претрпи измени, наведува весникот.

Се очекува сенатот до 15  октомври да го достави нацрт-законот до градскиот парламент, а законот би требало да стапи на сила во јануари следната година.

Берлинските власти одлучија дека кириите за станови не смеат да се зголемат во наредните пет години, со цел да го контролираат вртоглавиот пораст на цените на недвижностите во германската метропола која некогаш била позната по ниските трошоци за живот.

Новиот „Фиат 500 жардиниери“, кој на пазапарот би требало да го замени моделот „500-L“, нејзверојатно ќе се произведува во Србија, најавуваат италијанските медиуми, а сега потсетува специјализираниот италијански сајт „clubalfa.it.

„Жардиниери“, како што тврди италијанскиот сајт повикувајќи се на менаџментот на „Фијат“, веројатно ќе се произведува во фабриката за автомобили „Фиат Крајслер“ во Крагуевац, каде сега се произведува „500-L“.

Како што пренесува „Политика“, италијанско-американската групација допрва треба да ја потврди оваа вест, а „жардиниери“ би требало да се симне од производствената лента во текот на 2021 година.

Овој автомобил веројатно ќе има и електрична верзија.

„Жардинерија“ во превод значи „сад за цвеќе“, но во овој случај има и пошироко значење, наведува весникот.

Витаминка ќе додели 4 целосни стипендии за додипломски студии за академската 2019/2020 година. Стипендиите ќе се доделат по две на Машинскиот факултет во Скопје, и тоа во некоја од насоките производно инженерство; материјали, процеси и иновации; индустриско инженерство и менаџмент; мехатроника; автоматизација и управувачки системи. Другите две стипендии ќе бидат за кандидатите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, односно некоја од насоките електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија; електроенергетика, управување и менаџмент.

Со доделувањето стипендии Витаминка има за цел да ги поттикне младите да го изградат својот професионален профил во некоја од техничките насоки и ги повикуваат да се пријават на конкурсот.

„Доделувањето стипендии е во склоп со нашата корпоративна одговорност и со компаниската филозофија за значењето на стручното високо образование како и константната потреба од вакви кадри за производните процеси. Токму затоа, стипендиите се лоцирани во машинските и електротехнички насоки, каде што веруваме дека има големи капацитети и уште поголеми потреби, а сето тоа отвора и многу можности за образованите академски граѓани да станат професионалци“, велат од компанијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од конкурсот, да покажат желба и амбиција за образување во овие области. Студентите кои ќе ги добијат стипендиите ќе бидат обврзани за редовно студирање и запишување на семестрите како и на задолжителна феријална пракса во Витаминка, во текот на летниот период во траење од најмалку 30 (триесет) дена.

Холандискиот скејл-ап Sales.Rocks, една од брзорастечките софтверски компании во Македонија, го збогатува своето порфолио со алатка за напредно пребарување копмании и контакти за прецизно таргетирање на потрошувачи.

„Company Search” модулот е практична алатка наменета за сите маркетери и агенти за продажба. Користејќи филтри за пребарување како локација, индустрија, големина и статус на компанија, опции за контактирање (одговорно лице, телефонски број, мејл, веб-страница) и многу други, овој модул им овозможува на компаниите да ја надополнат својата датабаза со релевантни податоци за своите идни потрошувачи.

Оваа иновативно решение овозможува пристап до повеќе од 33 милиони детални и редовно ажурирани компаниски информации добиени од јавни извори.

“Наместо професионалците да трошат време и пари рачно пребарувајќи информации за своите потрошувачи, можат да ги искористат предностите од Bulk алатката и за неколку минути да креираат прецизно таргетирана база на податоци”, истакна извршниот директор и основач на Sales.Rocks, Карстен Броих, додавајќи дека Sales.Rocks постојано е во потрага по амбициозни луѓе од Македонија кои би сакале да бидат дел од тимот на оваа брзо растечка компанија.

Страница 7 од 108