Сè уште постои простор Владата да се откаже од намерата да ги оданочува капиталните добивки на граѓаните. Тоа се дивиденди, приходи по основ на кирии, добивки од игри на среќа. Доколку најавената даночна реформа даде негативни резултати, можно е владата да го повлече законското решение. Актуелно со него се предвидува од 2020 година прогресивно да почнат да се оданочуваат капиталните добивки со стапка од 15 проценти.

 

„Сакаме да го стимулираме пазарот на капитал, сакаме да го стимулираме развојот на берзата. Доколку тоа е една од мерките коишто треба да се направат за да биде тоа стимулирано, секако ќе разговараме и за таа опција“, рече Кочо Анѓушев вицепремиер за економија.

Негативни ефекти од оваа владина мерка, ако се воведе, сигурно ќе претрпат домашните инвеститори, тврди директорот на Македонска берза Иван Штериев. Како предизвици со кои треба да се справи оваа дејност, освен фискалните аспекти и оданочувањето е и дилемата што ќе се случува со задолжителната котација која важи до април идната година?

„Генерално, доколку се гледаат статистичките податоци на берзата од претходниве неколку години, процентот на учество на странци е многу мал, така да не верувам дека евентуални даночни промени би имале ефект на одлив на странски инвестиции. Ние треба да работиме на други полиња да ги привлечеме странските инвеститори на берзата. Но, ефекти од оданочување на капиталните добивки на домашните физички лица кои се многу активни, би имало“, рече Штериев.

 

Освен бизнис-заедницата која најгласно го крена гласот против прогресивниот данок и брокерите и банкарите се на став дека двојното оданочување негативно ќе влијае врз прометот на берзата. Ставот на владата е дека со прогресивното оданочување ќе се соберат повеќе пари во државната каса.

Земјоделските производители од Пијанец, задоволни од овогодишната реколта на компирот, кој годинава како што велат производителите, поради поволните временски услови, е со зголемен принос. Ѓорѓи Спасев од делчевското село Град, годинава бележи принос, кој тежи близу еден тон, што според него покажува дека родот бил добар.

-Компирот го садиме на неколку места и речиси секаде е со натпросечен принос. Имавме очекувања, годинава компирот исклучиво да биде за домашна употреба, но поради огромниот род, дел од реколтата ќе мора да ја продадеме, вечи Спасев.
 
Освен количински, додава Спасев, задоволува и квалитетот на компирот кој ќе ја подигне и цената при продажбата.
 
-За цената уште не знаеме како ќе се движи, но нашата понуда до трговците ќе биде околу 12 денари за килограм. Квалитетот навистина задоволува и сметаме дека, таа е реалната цена во овој момент за оваа градинарска култура, додава Спасев.
 
Компирот како земјоделска култура на полињата во село Град е застапен на површина од околу 50 хектари и е една од најзастапените култури во делчевско.
 
Освен компирот, годинава производителите можат да се пофалат и со добар род на пченка. Бербата на пченка веќе е во тек и се очекува да заврши до крајот на месец октомври.

Собранието на „Краш ЕСОП“ гласаше против предлог-одлуката за потпишување договор за заедничко дејствување со месната индустрија „Браќа Пивац“, објави загрепската берза. Сепак, одлуката на 1.100 мали акционери, кои поседуваат 18,45 отсто од акциите на „Краш“, не влијае на идната сопственичка структура. Најголемиот поединечен акционер во оваа кондиторска компанија е месната индустрија „Браќа Пивац“, од каде што соопштија дека и без акционерите на „Краш“ ќе влезе во постапка за преземање.
Како што пишува „Пословни дневник“, српскиот претприемач Небојша Шарановиќ минатата недела продолжил со интензивно купување на акциите. Тој поседува 18,43 отсто од акциите на „Краш“, а му недостигаат уште три илјади акции за да го надмине акционерскиот дел на „Краш ЕСОП“. Но извесно е дека Шарановиќ е втор најголем акционер во компанијата.

 

„Краш ЕСОП“ ги држи под своја контрола и работничките акционери, кои на последното собрание одлучиле да не ја прифатат понудата на „Браќа Пивец“, со образложение дека не можат да обезбедат одржлива финансиска конструкција за преземање на акциите, пишува „Индекс“. Ова наедно би значело и крај на раководната улога на Марица Видаковиќ, која долго време беше најголем поединечен акционер, како и претставничка на работниците акционери. Нејзината улога во компанијата не се промени ни кога во сопственичката структура влезе месната индустрија „Браќа Пивац“, која со години трпеливо купуваше акции во „Краш“ и моментално е најголем поединечен акционер, со над 30 отсто сопственост.

Атмосферата околу „Краш“ се загреа на почетокот на септември, кога преку загрепската берза непознат купувач почна да купува поголемо количество акции. По надминувањето на прагот од пет отсто, новиот инвеститор мораше да се открие и тогаш јавноста дозна за намерите на компанијата „Каппа стар лимитед“, на српскиот претприемач Небојша Шарановиќ, сопственик на кипарската фирма, во чиј состав се и „Јафа“ и „Банини“. Сега тој поседува над 19 отсто од акциите и стана втор најголем акционер во „Краш“. Какви се неговите планови со „Краш“ засега не е познато, но можно е тој да откупува за некој инвестициски фонд, пишува „Индекс“.

– Ова е сигурно возбудлив период. Никогаш не се случило три различни страни да се борат за поголем удел во некоја компанија. Оваа приказна за „Краш“ донесе голем исчекор и за другите акционери – вели Ивана Гажиќ, претседателка на управата на загрепската берза.

Експертот за корпоративни финансии Андреј Грубишиќ, во разговор за РТЛ Данас, вели дека одлуката на работниците на собранието на акционери не е за изненадување.

– Работниците немаат финансиски средства за да може да се следат берзанските трансакции. „Краш“ и месната индустрија како акционери имаат коректни односи и помалите акционери нема да бидат оштетени од идните преземања. Тоа што би ме изненадило е двете страни да даваат понуда што ќе биде приближна на цената по која се тргува денеска. Сѐ што е над цената од 600 куни по акција, за „Краш“ би значело влегување во зона што е исклучително напната. Секој што ќе ја преземе, по поголема евалуација мора да има јасен план како ќе ги искористи моменталните позиции на берзата. Навистина е ризично да се зголемуваат акциите на „Краш“ – вели Грубишиќ.
Намерата на Шарановиќ е да се принуди некој од акционерите да го откупи неговиот пакет акции, смета финансискиот експерт.

– Овде работите се комплицираат поради вредноста на акциите што се плаќани. Тој за купување на акциите потрошил 30 милиони евра, што многукратно ја надминува сумата на оперативната заработка на компанијата. Во меѓувреме не се случиле некои работи што би го оправдале ваквиот пораст на цената на акциите – вели Грубишиќ.

На панел сесијата посветена на економијата во рамки на Самитот на лондонски Економист, претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска, заедно со директорот на канцеларијата на Светска Банка во Македонија, Марко Мантованели и претседателот на Федерацијата на индустрии на Грција (СББЕ), Атанасисо Савакис, дискутираа за можноста Западен Балкан да се развива како бизнис хаб, со особен акцент на привлекување на инвестиции во регионот, инфраструктурана поврзаност, како и можноста за економски раст преку иновации.

Давајќи одговори на трите теми Арсовска истакна дека погрешен е пристапот државите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија да се гетоизираат во Западен Балкан.

„Западен Балкан како гето не носи повеќе можности за успех, ниту за државите поединечно, ниту како регион и овој пристап не даде резултати. За да се овозможи развој потребно е Македонија, што поскоро да се интегрира во Европската Унија, а не да биде дел од Западен Балкан, како слепо црево на Европа. Тоа е единствениот начин за да ни се овозможи подеднакво да учествуваме на единствениот економски пазар, но и да пристапиме и да се отвориме кон и за глобалните пазари. Датумот за интеграција треба да е транспарентен и извесен,  како и безрезервната поддршка во имплементирање на структурните економски реформи. Она кое што е предизвик за сите држави од Западен Балкан е што сите меѓусебно се конкуренти и покрај тоа што традиционално се најдобри партнери во трговската размена заедно со Западно Европските земји. Вториот заеднички предизвик за економски развој на регионот е владеењето на правото, поточно, најголемиот јаз  согласно индикаторите на Светска Банка помеѓу земјите од ЕУ и  Западен Балкан  е владеењето на правото,  борба против криминалот и корупцијата“, изјави Арсовска.

Таа додаде дека со отстранување на бариерите кои го отежнуваат растот на компаниите во земјите од регионот, ќе се создаде можност преку поттикнување на претприемништво и иновации, да се создадат нови работни места и да се искористи потенцијалот на човечки капитал кој е клучен за постигнување на економски раст.

Арсовска посочи дека инфраструктурните проекти се долгорочни ивестиции кои ќе го поврзат регионот со светот, при што условите за напредок преку заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направат регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно, со оглед на тоа што засебно сме мали пазари, а преку хармонизирање на инвестициските политики ќе им се овозможи на странските вложувачи да работат послободно во регионот.

На еднодневниот самит на заесебни панел сесии дебатираа и премиерот Зоран Заев, Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас,  министерот за надворешни работи Никола Димитров, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, и поранешниот премиер на Белгија Гај Ферхофштад.

Минатата година Самитот на ЕУ и Западен Балкан се одржа во Белград, каде претседателот Арсовска учествуваше на панел сесија посветена на одржлив пат на регионот кон економски развој,  претходно во Подгорица, Виена, Букурешт и други европски центри.

Иако Обвинителството за организиран криминал соопшти дека е завршена истрагата за „Рекет“ во делот за влијание од Катица Јанева врз таа за „Империја“, сепак уште траат вештачења кои најверојатно ќе ги надополнат собраните докази. дознава дека во МВР се вештачи компјутерот на синот на поранешната специјална обвинителка Јанева, што бил одземен при претресот во неговата канцеларија во 1 ТВ на притворениот Јовановски.

Според она што го дознавме, се бара остатокот на парите кои Јовановски ги земал во два наврат од пријавителот на рекетот, Орце Камчев. Тој е првоосомничен во „Империја“.

Според истрагата, над 300.000 евра Јовановски потрошил во Италија, но потрагата по тоа каде точно завршиле земените 1,5 милион евра, продолжува. Истрагата проверува дали дел од тие пари ѝ биле исплаќани на Јанева евентуално преку месечни примања и разни премии на сметката на нејзиниот син, раководител во правната слуЖба на телевизијата на Бојан Јовановски. Мобилниот телефон на синот на Јанева, не му бил одземен.

Паралелно со ова, МВР прави вештачење на компјутерот и на мобилниот телефон на првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски. Ова вештачење, велат во истрагата, е битно и за вториот дел, за земањето стотици илјади евра од бизнисмени од страна на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Од вештачењето на мобилниот телефон и на компјутерот на Јовановски, велат нашите извори, се очекува да се утврди дали високи функционери од актуелната власт се поврзани со прелажувањето на бизнисмени да уплаќаат скоро милион евра за изградба на старечки домови, кои никогаш не се изградија, а парите ги нема. Досега е утврдено дека за наводна изградба Меѓународниот сојуз успеал да извлече од двајца сопственици на компании еден милион евра.

Почесен претседател таму беше Фросина Ташевска Ременски и вештачењето и изјавите на сведоците и оштетените треба да покажат дали таа знаела за измамите на Сојузот и молчела, или воопшто немала врска што се случува. Се бара одговор и за евентуалната поврзаност на Александар Кирацовски со измамите, како и на други лица кои досега не се споменати во јавноста.

Без овие вештачења, со досегашните докази истрагата не може да поврзе вмешаност на функционери во измамите на Јовановски за наводната изградба на домови за стари лица.

Членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, се најбогати Германци, според списокот на списанието „Менаџер“.

Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“.

Секоја година весникот објавува список со 1.001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании.

Семејството Рајман и нивната компанија „ЈАБ холдинг“ стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс дув егбертс“ и производителот на шампони „Вела“.

На второ место е основачот на „Лидл“, Дитер Шварц, со богатство од 27,5 милијарди евра.

По нив, следуваат акционерите на БМВ, Сузана Клатен и Стефан Квант, први на ланскиот список, со 26,5 милијарди евра.

Според објавата на Антикорупциската комисија, Ангеловска поседува две канцеларии со вкупна површина од 16 квадратни метри со вредност од околу 4 милиони денари.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во својот анкетен лист пријавила дека поседува недвижен имот, акции и депозити во банки.

Според објавата на Антикорупциската комисија, Ангеловска поседува две канцеларии со вкупна површина од 16 квадратни метри со вредност од околу 4 милиони денари.

Министерката пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012 година, како и банкарски депозит од над 350.000 евра. Овие пари се депонирани во две банки, па така таа има 33.000 евра од 2015, додека во „Еуростандард банка“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51.000 евра девизен депозит од 2017.

Таа исто така има и други помали девизни и денарски сметки.

Интересно е што Министерката не пријавила стан на нејзино име, како и превозно средство.

Додека стопанствениците се радуваат на решенија кои можат да го поттикнат економскиот раст во регионот, политичките аналитичари се сомневаат во добрите намери на Белград кога се работи за регионалната соработка.

Иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за укинување на трговските бариери меѓу Србија, Албанија и С. Македонија добива позитивни критики од економистите и стопанствениците, но политиката и политичките аналитичари засега се воздржани. Наспроти стопанствениците кои се надеваат дека продлабочената соработка ќе доведе до зголемен економски раст во регионот, за политичките аналитичари спорни се мотивацијата, но и архитектурата на иницијативата која регионалните медиуми веќе ја нарекоа „мини Шенген“.

„Албанија и Косово нема да ја поддржат оваа иницијатива, а сигурен сум дека и С. Македонија нема да прифати парцијални решенија“, вели за ДВ, Наим Рашити, директор на Балканската истражувачка група од Приштина.

„Само полноправни иницијативи кои ги инволвираат сите земји можат да добијат поддршка, а не оние кои го подриваат суверенитетот на некои од нив“, додава тој.

Српскиот претседател ја турка оваа иницијатива веќе со години, или поточно од 2015 година.

„Мини Вишеград“

Според изјавите кои ги даде минатата недела од Њујорк, идејата на Вучиќ е оваа мини-балканска групација да настапува слично како Вишеградската група.

„Важно е земјите од регионот да разберат дека имаат корист од тоа, дека нашите луѓе разбираат дека настапуваме како блок, бидејќи така ќе бидеме повеќе почитувани во Европа“, рече Вучиќ.

Српски претставници во меѓувреме објаснуваа дека поентата е во тоа просторот на Западниот Балкан да се уреди како заеднички пазар и единствена инвестициска дестинација, со хармонизирани прописи и поедноставени процедури.

Идејата веднаш најде поддршка и од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој во изјава за Танјуг порача дека „идејата треба веднаш да се реализира, во било кој формат, било кога и било каде“.

И Петар Гошев, поранешниот македонски министер за финансии и гувернер на Народната банка, гледа позитивно на предлогот.
Енергетскиот и транспортниот сектор се многу важни. Забрзувањето на протокот на стоки, намалените трошоци и отстранувањето на пречките би користеле за подобар економски развој на регионот", вели Гошев.

Спорни мотиви

Косовскиот аналитичар Рашити не го дели мислењето на економистите. Тој смета дека Србија има сосема поинаква мотивација при промоцијата на вакви проекти и истите ги сублимира во три точки:
„За да доминира на пазарот и во политиката, да ги намали разликите и политичките спорови, и да избегне решавање на билатералните спорови, како и соработката со Косово“.

Со исклучок на ЦЕФТА, останатите слични иницијативи во регионот досега минаа неславно. Во 2017 година на самитот во Трст имаше обид дополнително да се поттикнат трговијата и економската интеграција на земјите од Западниот Балкан како основа за формирање на Регионална економска зона. Досега оваа иницијатива не стигна далеку, а државите од регионот и натаму се сопнуваат на политичките спорови. Последен таков случај беше и Самитот на ЕУ во Познањ, Полска, кога Србија ја одби иницијативата за меѓусебно признавање на дипломите.

Може ли да се очекува успех на регионалните иницијативи во ситуација кога земјите од регионот имаат нерешени спорови и ниска меѓусебна доверба?

„Фокусот треба да се стави на решавање на билатералните спорови“, вели Рашити. „Северна Македонија и Грција се најдобар пример за тоа. Дури откако се реши споро сите останати агенди глатко се развија“.
„Србија ја турка регионалната соработка за да го избегне соочувањето со „слонот во собата“, а тоа е решавањето на проблемот со Косово“, вели Рашити.

Воздржаност во Скопје, критики во Тирана

Вучиќ ќе им ја презентира својата идеја на премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев на 9 и 10 октомври во Нови Сад. Случајно, почетокот на тој балкански мини-самит ќе биде означен точно пет месеци откако токму Вучиќ, на 9 мај годинава, ја критикуваше идејата за „мал Шенген“ меѓу Тирана и Приштина како „налудничава приказна“.

Владата во С. Македонија засега е воздржана за идејата на Вучиќ. Македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи за ДВ вели дека Скопје ќе го гради ставот по ова прашање со Вашингтон и Брисел.„Ние сме на чекор до почеток на преговори со ЕУ, а де факто сме и членка на НАТО, па затоа, за вакви иницијативи треба да се консултираат Брисел и Вашингтон“.

Во Албанија, некои политичари остро ја критикуваат идејата. Поранешниот пратеник на Социјалистичката партија на Рама и лидер на политичкото движење „Решение“, Кочо Кокедима оценува дека иницијативата би можела да има погубни последици за албанската економија и стопанство и бара од Рама да ја отфрли.

Наместо парцијални решенија кои опфаќаат само одредени број земји, Рашити предлага земјите од регионот да договорат целосна поврзаност, слободно движење на стоки и луѓе, отстранување на сите пречки за слободна комуникација, како и признавање на дипломите и професиите.

„Но, тоа не е можно затоа што се уште постојат ограничувања и контролирани граници, а меѓу некои земји, како што се Косово и БиХ, постои и визен режим“, заклучува Рашити.

Согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година на граѓаните ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година.

Управата за јавни приходи информира дека вчера заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ којашто се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.

„Од воведувањето на мерката на 1.07.2019 до 30.09.2019 година регистрирани се 170, 378 корисници на апликацијата МојДДВ, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, вкупен ДДВ 1.241.434.628 денари додека повратот на 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра“, соопшти УЈП.

Согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година на граѓаните ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година.

Натаму ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Вторник, 01 Октомври 2019 12:46

Катица Јанева останува во Шутка

Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, во која таа бараше да и се укине притворот за случајот „Рекет“. Одлуката на повисокиот суд следи по решението на Основниот суд Скопје да не ги прифати гаранциите во имот кој ги даде Јанева, за да се брани од слобода.

Сепак, во одлуката на Апелација е отстранета една од двете околности поради кои Јанева е во затворски притвор во „Шутка“. Поради завршувањето на истрагата за „Рекет“, судот смета дека повеќе нема опасност обвинителката да влијае на сведоците, но останува оценката дека има опасност од бегство на осомничената.

Катица Јанева е во притвор од 21 август. Таа е третоосомничена во случајот „Рекет“ во кој се товарат и Боки 13 и Зоран Кичеец, дека тргувале со влијание за да изнудат поголема сума на пари од бизнисменот Јордан Камчев во замена за оленителни околности кон него како осомничен во предметот „Империја“ на СЈО. Освен Јанева, во затворски притвор е и Боки 13. Само за Зоки Кичеец судот минатата недела донесе одлука да биде префрлен во куќен притвор, откако за такво нешто добиле и позитивно мислење од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да го променат менталитетот за да може да има вистинска борба со корупцијата. Тој смета дека ако сите се потранспарентни, системот полесно ќе се справи со овој проблем.

„Нашите граѓани ја живеат борбата против корупцијата во оваа земја. Во моментов има неколку тековни предмети кои што се одвиваат и каде за прв пат покажуваме целосна независност на судството како се борат со аргументи против корупцијата. Како пред судскиот систем ги ставаат тие кои се обвинети за тоа и всушност испраќаме порака дека не се исплаќа да бидете криминалец“, рече премиерот Заев.

Заев на самитот на „Економист“ денеска во Скопје истакна и дека договорот со Грција дава позитивни резултати не само во на политиката, туку и во економијата. Додаде дека има економски раст, но не е доволен, но дека следува период на инвестиции и ослободување на стопанството. Ефектите од реформските закони е следно кои што ќе се почувствува. Премиерот рече и дека 2019 – та и 2020 – та години се економски рекорди за Македонија поради зголемен БДП, растот на странските инвестиции, како и поради индустриското производство и намалување на невработеноста. Гостите пак од Европската Унија и од САД во обраќањата беа категорични дека за нив Балканот е од  големо значење и ќе продолжат да го следат и поддржуваат неговиот развој.

Страница 4 од 109