Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД. Од македонски веб продавници, пак, најмногу се купува онлајн со американски платежни картички, покажуваат податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб страната на Народната банка.

Европската енергетска заедница во својот вонреден извештај објавен на 28 април известува дека електричниот сектор, односно наплатата на сметките за потрошена електрична енергија, е најпогоден во Македонија.

Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски, вели дека наметната ситуација од пандемијата на корона вирусот ќе направи и одредени промени во образовниот систем.

Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио каде економијата на еврозоната може да почека до крајот на 2022 година за да го достигне нивото од пред пандемијата. Тоа се наведува во извештајот на финансискиот регулатор.

Со целосно укинување на забраната за движење за граѓаните и отворање на дел од продавниците, Грција од шест часот утрово, по 42 дена излегува од карантин и влегува во новата фаза на постепено олабавување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

Канада официјално е во рецесија во првиот квартал, предизвикана од пандемијата Ковид-19, соопшти советот на влијателниот институт „ЦД Хау” (C.D. Howe), во време кога официјалната статистика сугерира дека економијата во март е намалена за девет проценти.

Покрај најголемиот предизвик, а тоа е како да се издржи и да се продолжи понатаму, исто така мора да се работи и на градење на професионален и коректен однос во секоја професија. Во Mакедонија освен олигархијата, не постојат работодавачи и работници, сите сме работници. Поделбата никому ништо добро нема да донесат, но ако има вистинска волја и правилна иницијатива, заеднички можеме и мораме да бидеме подобри. Оваа криза не научи сите дека сме во заеднички проблем и мора да имаме и заедничко разбирање.

Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.

Владата денеска информираше дека се направени измени на Уредбата за финансиска помош на работодавци, која беше објавена пред два дена. Новата одлука следува по реакцијата на синдикалните организации за одредбите кои се однесуваат на отпуштање на работниците во случај кога се користи финансиската помош.

Фондот за здравствено осигурување од утре, први мај 2020 година воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт еРецепт за хронична терапија за хронично болни лица.

Страница 12 од 190