Изградба на втора меѓусебна врска со гас помеѓу бугарскиот систем за пренос на гас и македонскиот гасоводен систем Струмица – Петрич што ќе придонесе за интеграција на националниот систем за пренос на гас на земјава во регионалната и европската гасоводна мрежа побараа денеска Македонско Бугарската комора и Бугарско Македонската трговско индустриска комора.

Четврток, 12 Декември 2019 10:03

ССК: K-15 лаги и вистини

Информациите поврзани со исплата на регрес за годишен одмор или популарно наречен К-15, што циркулираат се со невистинити содржини, па дури се оди до таму и преку насловите во медиумите на работодавачите да им се испраќаат пораки за казни затвор доколку не исплатат регрес, реагира Сојузот на стопански комори.

Нов кредит од 2 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка – Македонија ќе заврши кај граѓаните, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги за подобрување на енергетска ефикасност во македонските домови.

Новиот правилник за даночење на нови и половни возила, кој треба да стапи во сила од 1 јануари 2020 година предвидува возилата што повеќе загадуваат да плаќаат и повисоки давачки. Во своето гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, првиот цариник, Ѓоко Танасоски, вели дека промената на цените на возилата не се очекува да се почувствува во првата година туку процесот ќе се одвива постепено.

Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.12/2019 за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност, како и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи.

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе ја заврши со рекорден приход прибран од патарините. Во периодот јули – септември 2019 година од овој надоместок се инкасирани 13,7 милиони евра во буџетот на ова претпријатие, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, но и натаму се присутни неизвесноста и ризиците од надворешното окружување, како и од домашниот контекст, оценил на седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Страница 2 од 136