Ако се погледнат бројките за наплатени даноци ќе се види дека сите даноци растат, освен данокот на добивка што покажува дека фирмите плаќаат даноци и се друго што е потребно, но потоа ништо не им останува за да може да ги зголемат платите, продуктивноста и да генерираат повисок раст на економијата, рече претседателот на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека најавената мерка за субвенции при купување нови возила нема да се применува поради ограничувачкиот фактор за задолжителна примена на принципот „Прв дојден прв услужен“ при распределба на средствата.

Италијанската банка „Уникредит“ од крајот на оваа до крајот на 2023 година ќе го намали бројот на вработени за 8.000 лица и ќе затвори 500 филијали, се наведува во стратегискиот план на оваа финансиска институција.

Со буџетот на Министерството за економија за 2020 година што е предвидено да изнесува 591 милион денари, за гасификација се предвидени 120 милиони денари. Под надлежност на овој ресор со измените на Законот за енергетика од следната година преоѓа АД Национални енергетски ресурси кое што е надлежно за изградба на гасоводниот систем.

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да воведе додатни тарифи на увоз на француски производи во вредност од околу 2,4 милијарди долари. Тоа е негов одговор на француското заострување на таксите за американски технолошки гигант како Гугл, Амазон и Фејсбук.

Зголемени приходи, откривање и спречување измами преку таргетирани контроли, поедноставени и поефикасни процедури, зајакнат административен капацитет, поголема операбилност, натамошно усогласување на домашното со европското законодавство и доближување на земјава до пазарот на ЕУ и Царинската унија, се резултатите што ги постигна Царинската управа во соработка со австриските и литванските институции, преку проектот поддржан од Европската Унија кој се спроведуваше изминатите 27 месеци.

Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – „Купи куќа, купи стан” продолжува и догодина. Граѓаните од 6-8 декември на саемот „Купи куќа, купи стан”, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол, ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании.

Македонските средношколци, споредено со земјите од регионов, се подобри само од своите врсници од Косово, покажаа резултатите од меѓународното  на средношколци на возраст од 15 години што беше спроведено минатата година. Резултатите ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Страница 9 од 136