Министерството за развој на рускиот Далечен исток и Арктикот очекува да се инвестираат 218 милијарди евра на Арктикот во текот на следните 15 години, како резултат на субвенциите обезбедени со стратегијата за развој на Арктичката зона на Русија до 2035 година, рече заменик министерот за развој Александар Крутиков.

Информации за проектот „Купи куќа, купи стан“ од денеска до 8 декември граѓаните може да добијат на саемот што се одржува во Скопје сити мол. На сите заинтересирани на едно место им се достапни информации од Министерството за финансии, банките што се вклучени во проектот и градежните компании.

Државниот Завод за ревизија (ДЗР) денеска се очекува да добие нов директор. Претседателот на Комисијата за избор и именување во Собранието, Илија Димовски за денеска закажа продолженија на три веќе почнати седници. 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов негира дека градските советници тајно ја покачиле цената на водата. Тој вели дека структурата на цената на сметката за водата е иста, само што сега граѓаните првпат може да видат дека на сметката се плаќа и одржување на градското зеленило. 

Четврток, 05 Декември 2019 14:58

Хуавеи со втора тужба против САД

Кинеската телекомуникациска компанија Хуавеи покрена тужба во американски федерален суд против забраната на администрацијата на Трамп за купување опрема од оваа компанија.

Во првите десет месеци од годинава од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 329,42 милијарди денари или 5,356 милијарди евра што е за 10,8 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок што се одржува во Атина.

Страница 6 од 136