Во декември лани се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на истиот месец од 2018 година. Предвидена е изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307 метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.

Со 52.210 долари богатството по глава на жител, Македонија е меѓу последните на Балканот и во Европа,  го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера на седницата за законот за Јавно обвинителство предложи за денеска одржување на лидерска средба на која, како што рече, ќе се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април. Тој претходно ја одложи седницата оти се пријавиле повеќе од 30 говорници и поради тоа што пратениците цел ден му се жалеле дека биле преморени од чекање.

Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.

Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.

Вредноста на биткоинот вчера го достигна највисокото ниво во оваа година, а вооедно и во последните пет месеци. Во утринските часови, цената на биткоинот достигна 10.489,78 долари, што е највисоко ниво од септември, покажуваат податоците на „CoinDesk“.

На јавен оглас, Владата бара директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период поради привременета забрана за летови кон и од Кина што ја воведоа авиокомпаниите како резултат на ширењето на коронавирусот, информираат од Пошта на РСМ.

Страница 5 од 184