Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлпулос во Атина изјави дека на средбата е разговарано и за подобрувањето на транспортните врски меѓу двете држави во рамки на кинеската иницијатива „Појас и пат“, за што имал и телефонски разговор со премиерот Зоран Заев.

Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.

Од 1 јануари 2020 година ќе почне транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија, изјави извршниот директор на „Булгартрансгаз“, Владимир Малинов.

„Ова ми е наследство. Од татко ми, дедо ми“, „Што ако ми земат повеќе?“, „Кој ми гарантира дека нема да бидам оштетен?“, „Ќе биде ли правилна размената?“, се само некои од „стравовите“ на земјоделците кога ќе се спомене процесот на консолидација. Земјата е основен ресурс за земјоделско производство. Колку е погрупирана и поконцентрирана површината, толку е полесно и поисплатливо производството. Окрупнувањето на земјоделското земјиште е нужен процес. Ако сакаме да имаме конкурентно земјоделство, нивите мора да се окрупнат.

На иницијатива на Народната банка ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот кај нас.

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на непостоење национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови.

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор.

Страница 4 од 136