Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители.

Советот за социјална сигурност денеска ги поддржа законските измени со кои од идниот месец ќе се зголемат пензиите за сите пензионери за 700 денари.

Конфедерацијата на слободни синдикати го поздравува зголемувањето на минималната плата, но бара усогласување со платите во јавниот сектор.

Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон“, кое вчера требаше да се одржи во Основен суд-Штип е одложено за 26 месецов. На ова собрание на доверители треба да се одлучи судбината на поранешниот градежен гигант. Опциите се ликвидација или реорганизација на компанијата.

Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа. Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.

Бизнис заедниците во земјава и во Грција ќе треба да постигнат договор за употребата на името „Македонија“ во имињата на правните субјекти, трговските марки и заштитни знаци. Првиот човек на македонскиот тим во меѓународната експертска група формирана со договорот од Преспа да го затвори ова прашање, Ѓорѓи Филипов смета дека стопанските комори и во двете земји треба да формираат нивни заеднички тимови и да почнат со конкренти раговори на терен.

Кока-Кола овие денови одбележува 100-ти роденден откако за првпат се појавија нивни акции на берза.

Во октомври годинава се издадени 308 одобренија за градење, за 11,6 отсто повеќе споредено со октомври лани, при што е предвидена изградба на 562 стана, објави Државниот завод за статистика.

Страница 3 од 136