Народната банка, уште еднаш појасни дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка е законска и затоа што банката не ги исполнила минималните услови за работа.

Помош ќе има за сите, државата е подготвена да направи се во рамки на своите финансиски капацитети да им помогне на работниците, на невработените, на сиромашните, на македонската економија и стопанство, најави денеска премиерот Зоран Заев и информира дека одлуките ќе бидат дооформени до крајот на другата недела.

Новата иницијатива имплементирана од ЛинкАкрос и кофинансирана од УСАИД, регионалниот проект за економски развој, управување и развој на претпријатија е фокусирана на поттик на економскиот раст во Северна Македонија и Албанија. Оваа иницијатива, наречена ГроуБиз (GrowBiz) е намената за намалување на несаканите ефекти прв економијата од КОВИД-19 пандемијата. ГроуБиз има за цел да помогне во растот и зглемената продажба во областите туризам, земјоделие и производство.

Во клон на градинката „Детска радост" во Струмица вчера беше потврден прв позитивен случај на ковид-19 кај петгодишно дете. Директорот вели дека петгодишното дете градинката ја посетувало три дена и дека е заразено во контакт со позитивен на Ковид-19 член на фамилијата.

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

Државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките. Државната гарантна шема треба да започне до крајот на годината, најави министерот за финансии Фатмир Бесими.

По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, денеска на Берзата ќе се одржи Инвеститорски ден, во рамки на кој сите домашни физички лица ќе тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23% пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември.

Страница 1 од 296