Ајде да зборуваме за нелегалната криминогена економија

Вторник, 19 Мај 2020 07:28 Напишано од  Објавено во КОЛУМНИ

На темата вршење на нерегистрирана економска активност одамна се зборува од страна на претставници на Министерството за финансии и на Владата, било да е оваа техничкава или некоја друга. Некои од експерти во државна служба сивата економија ја нарекуваат економија на црно, и сега, по најновото, милно и нагалено, неформална економија!

Но, што се овие поими? Прашање е на когомислат кога ги употребуваат?

Да зборуваме за сивата економија во контекст на направен пропуст од страна на легално регистриран бизнис, според мене е луцидно. Вистинска сива економија постои само таму каде има тенденциозно, планирано и повторливо дејство во насока на избегнување на плаќање на даноци, придонеси и други давачки. Сива економија суштински постои таму каде има целосно избегнување за излегување на виделина и регистрирање на стопанска дејност во соодветните регистри – затоа и англискиот термин: shadow economy.

Тоа е едноставно, кога некој има продавница, магацин или фабрика, или продава на различни пазари без соодветно да е запишан во регистрите за водење на бизнис. Тука се и услугите како работата на лекарите, сметководителите, градежниците и други.Ниту еднадејност не е имуна на оваа економска чума.

Иако сивата економија по дефиницијата е вршење на нерегистрирана дејност, сепак таа отвара пат и за извршување на криминогена економска активности. Во таа смислам зборуваме за намерни штетници на буџетот кои извршувајќи ги своите активности вршат класична буџетска кражба и сериознo им нанесуваат штета на претпријатија кои се легално регистрирани како даночни обврзници од секаков вид, бидејќи ги намалуваат цените на пазарот и им претставуваат нелојални конкуренти.

Знаејќи го ова, се поставува прашањето зошто Министерството за финансии, со сите свои капацитети, треба да биде рамнодушно кон овој феномен-карцином, исклучително штетен за нашето општество?! Дури, во последно време, што е трагикомично, тие директно стануваат нивни поддржувачи!

Владата со економките мерките за справување со кризата реши да им помогне, на оние што сега ги нарекува: практичари на неформалната економска дејност. Овој потег е популистички, иритирачки, демонстрира незнаење! Ги изигрува оние кои дури го даваат и последниот денар за данок, иако во ова време на криза едвај преживуваат.

Погледнете и сами, прочитајте, директно од веб страницата на едно од владините министерства: Мерка 7 - Грижа за лицата во неформалната економија - Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија (https://bit.ly/3dTUn0H).

И што треба ова да значи? Ова е токму она што се вели, од зборови на дела: „Живот за сите“!

Не е во редако се игнорира, опструира и му се прави неправда на оној што плаќа данок и е лојален кон општеството и им се помагана криминалните и лицемерни структури.

И сега, каде да го најдеме хипокритот? Меѓу оние кои наводно се борат со криминогената нелегална економија, или меѓу оние што ја вршат оваа активност?!Со еден збор, не е нелегална економија кога некој не издал фискална сметка, туку тоа е кога некој воопшто не постои во евиденцијата на соодветните тела како извршувач на економско-деловна активност!

Државата знае кои се тие! Државата има механизми за да ги вметне во системот и нив! Државата има капацитет да се бори против нив. Но државатанајпрвотреба да го расчистат својот двор од вистинските пречки за функционирањето на владеењето на правото. Значи, работата треба да почне од преземање на воспитно-дисциплински мерки против лицата непочитувачи на законот што се наоѓаат во нејзиниот двор, односно во нејзните редови и да не се бара алиби во стопанските комори, дека наводно тие се виновни, зошто не соработуваат во обезбедување на информации. Тоа тврдење е апсурдно.

Пишува: Беким Есати

Последен пат изменето на Вторник, 19 Мај 2020 07:41