КОЛУМНИ

Еден од најголемите предизвици за регистрираните претпријатија е како да се изборат да бидат конкурентни на пазарот, a најголем проблем во постигнувањето на оваа цел го создава сивата економија која сериозно ги нарушува фер условите за работа. Нерегистрираните субјекти не придонесуваат во буџетот, не плаќаат даноци ни придонеси по основ на социјално и пензиско осигурување, бидејќи немаат ниту еден пријавен вработен, тековните трошоци им се многу пониски, бидејќи не ги плаќаат по индустриска тарифа, а профитите им се големи. Со овој начин субјектите што вршат нерегистрирана работа не само што го оштетуваат буџетот, туку се во можност и да понудат…
Секојдневно се соочуваме со свет кој се движи со огромна брзина. Во која и да е област од животот, правилата што важеле вчера, најверојатно веќе не се исти денес, и ние сакале или не мораме да се прилагодиме на честите промени доколку сакаме да успееме. Ситуацијата во која се наоѓаме со кризата поради ковид – 19 можеби за момент го забави темпото, но затоа неизвесноста за утре е многукратно зголемена. Предизвикот да се биде лидер во ова време, макар и само на неколку луѓе во својата компанија, бара преземање одговорност, елиминирање на лични суети, но пред се, ставање на колективното…
На темата вршење на нерегистрирана економска активност одамна се зборува од страна на претставници на Министерството за финансии и на Владата, било да е оваа техничкава или некоја друга. Некои од експерти во државна служба сивата економија ја нарекуваат економија на црно, и сега, по најновото, милно и нагалено, неформална економија!

Трет обид за спас

Понеделник, 18 Мај 2020 18:13
Со третиот сет мерки за економски спас опфатени се повеќе категории граѓани, најмногу најзасегнатите, a средства се наменети за стимулирање на потрошувачката, за поддршка на домашните производи, за кредитирање на претпријатијата и за овозможување на одржување на ликвидноста.
Си беше еднаш... Да, така најчесто започнуваат приказните. За жал, ние, најголем број од граѓаните на нашава држава, не живееме во една од тие бајки кои имаат среќен крај. Но, изгледа оние кои „имаат” слух и „работат” за доброто на сите, како што милуваат да кажат на прес-конференциите, живеат во бајка, во Земја на чудата. Може некој од нив и навистина си мисли дека е Алиса, затоа што станавме земја во која животот не е како во бајка, туку напротив животот е како театарска претстава од жанрот траги-комедија.
Пандемијата како појава на зараза од вирусот ковид-19 и нејзиното суперсонично ширење во целиот свет, предизвика сите влади на приоритетно место да ја стават грижата насочена во правец на заштитата на здравјето на популацијата како и креирање на безбедносен систем за нејзино сопирање до нејзино потполно исчезнување.

Мерки за економски спас

Понеделник, 11 Мај 2020 11:13
Шокот за глобалната економија од ковид-19 e побрз и посериозен од оној предизвикан од глобалната финансиска криза во 2008 година. За разлика од тогаш, негативниот импакт по економијата сега е видлив за само три недели. Секоја компонента на агрегатната побарувачка и потрошувачка, на инвестициите, капиталното трошење, како и во надворешното трговско работење е во слободен пад. Најдоброто сценарио на кое може да се надеваме е овој пад, кој е потежок од оној предизвикан од глобалната финансиска криза, дека ќе биде со пократок циклус и ќе се овозможи враќање на позитивниот раст во 2021 година.
Покрај најголемиот предизвик, а тоа е како да се издржи и да се продолжи понатаму, исто така мора да се работи и на градење на професионален и коректен однос во секоја професија. Во Mакедонија освен олигархијата, не постојат работодавачи и работници, сите сме работници. Поделбата никому ништо добро нема да донесат, но ако има вистинска волја и правилна иницијатива, заеднички можеме и мораме да бидеме подобри. Оваа криза не научи сите дека сме во заеднички проблем и мора да имаме и заедничко разбирање.
Од почетокот на здравствено-економската криза кога со уредба од државата угостителите престанаа да работат до денес, оставени се комплетно сами да се снаоѓаaт со минималната поддршка од министерствата за финансии и за економија, кои на моменти покажуваа волја и желба да се дојде до соодветни мерки за надминување на состојбата.

Кризен менаџмент на македонски начин

Понеделник, 27 Април 2020 09:53
Секој одговорен лидер мора да има разработено сценарио за кризна состојба дури и во ситуациите кога таа не е ниту на повидок. Додека се работи од комотна позиција на владеење, креирање тековни политики и додека се управува со јавните финансии, во исто време би требало да се предвиди и кризен план.