НИЗ ПРИЗМА НА БИЗНИСОТ

Субвенциите не се тресат од ракав, туку се даваат според строго контролирани правила и услови. Земјоделците мора конечно да сфатат дека овие пари, чиј обем воопшто не е за потценување, се за реинвестиција, за осовременување и развој на стопанствата, порачува директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, во интервју за МИА.
Земјава има најевтина туристичка такса во регионот, но и таа не се плаќа. Туристичка инспекција не постои, сè уште немаме воведено и можеби во овој сегмент сме последни на Балканот. Според бугарската статистика, лани нè посетиле околу 350.000 Бугари, а ние сме успеале да „изброиме“ само 70.000 – 80.000. Моделот на субвенционирање десет години не е сменет иако одамна не го дава посакуваниот ефект. Мора еднаш да се соочиме со фактите, да ги кажеме и да почнеме да ги решаваме работите. Мора, конечно, максимално сериозно да сфатиме дека туризмот е исклучително моќна алатка за развој на државата, вели директорот на…
Владеењето на правото, интензивна борба со сивата економија и подобрување на деловното опкружување се само дел од мерките за кои се залагаат бизнисмените кои се дел од Сојузот на стопански комори. Како што вели за весникот ВЕЧЕР, Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на почетокот на 2019 година комората доставила седум приоритети од приватниот сектор за подобрување на деловното опкружување и постигнување економски раст, поддржано со 78 економски мерки.
За секоја компанија од голема важност е спорот што го има да го реши за кратко време, по можност да го добие или штетата да биде помала, а тоа да се постигне со помали трошоци и без публицитет кој би можел да нанесе дополнителна штета. Сето ова може да се постигне со постапка на медијација, вели м-р Славе Младеновски, претседател на Комората на медијатори. Во интервју за „Економист“ тој зборува и за тоа кои спорови може да се решаваат по пат на медијација, за искуството во спорови каде една од страните е државна институција и за тоа каква е правната…
Александра Андреева има само 29 години, а веќе во Велес успеала да застане на стабилни нозе сопствено сметководствено биро. Насмеана и позитивна вели дека не е лесно, но сепак успеала да се избори за место под сонцето и засега од она што го работи може пристојно да живее. За „Економист“ таа раскажува како од матурантка во јазична гимназија се развила во одличен сметководител и како од работата во домашни услови направила фирма со одлично реноме. Интересно за оваа млада претприемачка е и тоа што на своите вработени им го остварила работничкиот сон кој и светските компании уште го тестираат, да…
Еден од позначајните предизвици при договарањето за воспоставување деловна соработка, не е само како ќе се дефинира предметот на договорот или какви права и обврски ќе бидат предвидени за договорните страни, туку и каква правна заштита ќе договорат деловните субјекти за решавањето на евентуалните спорови кои би можеле да произлезат во врска со договорот.
Сметководството и неговото значење како професија во развојот на економијата на една земја е од непроценливa важност. Сметководството е основа за изготвување на финансиските извештаи за компаниите  и познато ни е на сите од каква важност се сметководствените извештаии и тоа како за корисниците на услугите така и за општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Во интервју за Економист.мк, Благоја Грозданов, истакнат сметководител, член на Надзорен одбор на Институтот за сметководители и овластени сметковдители (ИСОС) зборува за состојбата во професијата, предизвиците и можностите за напредок на оваа значајна дејност. Вели дека неопходно е да се воспостави ред во фелата,во спортивно…
Во пресрет на претстојниот Форум „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“ во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој ќе се одржи на 16 мај во х. Александар Палас, Скопје,  БизнисРегулатува.мк направи интервју со Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, кои се организатори на Форумот во партнерство со коморите во проектот. На Форумот на високо ниво ќе учествуваат домашни и странски експерти, министри, директори на институции, наука, деловна заедница, кои ќе ги детектираат најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, ќе понудат решенија за нејзино сузбивање,…
Деловната заедницата постојано укажува на проблеми во примена на Законот за работни односи во насока на подобрување на деловната клима. Во тек е подготовка на нов закон. Со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска разговаравме за новиот закон за работни односи кој се уште е во работна верзија, за Законот за пратиканство и можностите кои ги нуди и за компаниите и за младите луѓе, како и за формите на поддршка на младинското вработување во земјава -     Министерке Царовска, за почеток може ли да ни кажете кои се клучните новини во новиот закон за работни односи, за кој многу се…
Со поддршка на г.  Едуард Мурицки, заменик министер за индустрија и трговија на Република Чешка и Н.Е Мирослав Томан, амбасадор на Република Чешка,  претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и претседателот на Конфедерацијата на индустрија на Чешка, Јарослав Ханак,  потпишаа Меморандум за зацврстување на деловните релации меѓу двете земји како и зголемување на трговската размена. Двете земји имаат долга традиција на соработка, а фокусот за интензивирање на истата го гледаат во инфраструктура, автомобилската индустрија, индустрија за управување со отпад и со отпадни води, како и за заштита на животната средина. Компаниите од двете држави покажаа голем интерес…