Во следните четири години Светска Банка (СБ) ќе го поддржи економскиот развој во нашата земја со повеќе програми во вкупна вредност од околу 420 милиони евра, а во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се подготвува тендер за ХЕЦ Чебрен за следниот месец.

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог закон.

Владата денеска го усвои Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој и Светска банка во висина од 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за поврзување на локални патишта.

Премиерот Зоран Заев кој заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска гостуваше во емисија на Македонската телевизија рече дека буџетот за 2020 година е скроен на едно оптимално ниво и оти проекциите се резултат на добрите економски политики.

Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.

По барање на фармерите продолжен е рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот мај – септември 2019 година, како и рокот за барање субвенции за несилките заклани во регистрирани кланични капацитети од мај до септември годинава. Новиот рок за доставување на барањата е 22 ноември 2019.

Уставните судии денеска на колегиум ќе дискутираат по иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службена должност и овластување.

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска првпат по француската блокада во октомври ќе се навратат на прашањето за проширувањето кон западниот Балкан и преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Од први до 15 декември на сметките на граѓаните кои скенираат фискални ќе легнат околу три милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии 170 илјади граѓани чекаат поврат на парите од платениот ДДВ. Средствата кои ќе бидат исплатени се за скенираните сметки во јули, август и септември.

Ќе се направат напори да се добие одобрување македонските компании слободно да извезуваат земјоделски и прехранбени производи на кинескиот пазар, беше речено на работна средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски со владина делегација од Народна Република Кина.

Ќе се зголемува вредноста за увоз на пратките преку интернет. Од сегашните 45 евра вредноста на мала пратка нарачана преку интернет ќе се зголеми на 85 до 90, а можеби и повеќе, а нивното доставување ќе биде побрзо со можноста тие да се скенираат, наместо физички да се проверуваат. 

Страница 10 од 66