Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност.

ЈП Службен весник воведе нова алатка за брзо и лесно пребарување на прописите преку која ќе може да се пребарува по: клучни зборови, предметен регистар, доносител и тип на пропис, поставување на нотификации за сите промени во правната регулатива, како и по пребарување на консолидирани текстови на сите закони на кои им се направени измени и дополнувања.

Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Финска, Словачка, Словенија и Португалија презентирале национални буџети кои се на раб на непочитување на правилата на еврозоната, предупреди Европската комисија.

Цените на нафтата вчера пораснаа поради ескалациите на тензиите на Блискиот исток. Во исто време, од друга страна, спласнаа надежите за брзо постигнување на решение на американско-кинеската трговска војна, која имаше големо влијание на растот на глобалната економија и цените на „црното злато“.

Националниот институтот за статистика и економски студии на Франција (ИНСЕЕ) објави студија за ефектите од мерките спроведени во 2018 година врз најбогатите и најскромните домаќинства, од што произлегува дека овие мерки ги фаворизираат најбогатите, јавува дописникот на МИА.

Вршителот на должноста косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека новата косовска влада не би требало да ја укинува царината од сто отсто на увозот на стока од Србија.

Минатата година биле реализирани 1,75 милиони рецепти за антибиотици, со вкупен износ од 295 милиони денари (4,8 милиони евра) соопштува Фондот за здравствено осигурување за 2018 година, апелирајќи за рационална употреба на овие лекови. 

Туристичко – угостителската комора (ТУК) и Националната Асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) одржаа прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со фокус на екологија и туризам, нелојалната конкуренција во секторот како и за претстојната македонска туристичка берза.

Во следните четири години Светска Банка (СБ) ќе го поддржи економскиот развој во нашата земја со повеќе програми во вкупна вредност од околу 420 милиони евра, а во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се подготвува тендер за ХЕЦ Чебрен за следниот месец.

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог закон.

Владата денеска го усвои Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој и Светска банка во висина од 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за поврзување на локални патишта.

Страница 9 од 66