Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат од полноќ.

Оваа држава дава и можност и поддршка за младите. Целта е тие да останат тука и своите бизнис идеи да ги реализираат во земјава, рече денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, по презентацијата на новооснованите компании од 22-те успешни деловни приказни поддржани преку Програмата за самовработување.

Голем товарен брод кој носел 14.600 овци се преврте во неделата утрото по тргнувањето од пристаништето Миди, близу Констанца, во Црното Море.

Учениците од деветто одделение од целата земја кои сакаат да го продолжат образованието во гимназијата „Нова“ во Скопје, од денес (25 ноември) до 12 декември може да аплицираат за стипендијата „Борис Трајковски“ за школување во оваа образовна институција.

Додека во Европа се води отворена војна против дизел-возилата, на нашите патишта за две години разликата меѓу бензиски и дизел-возила е променета од + 1.711 во корист на бензинците во 2016 година, на + 36.530 дизели во 2018 година. Во исто време, бројот на возила со ЛПГ-уред останува непроменет и се движи околу 12 илјади возила.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за Предлог – буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.
Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Компанијата по истата цена како и досега ќе му нуди електрична енергија на универзалниот снабдувач кој е задолжен за надмирување на потребите на домаќинствата и останатите корисници кои останаа на регулираниот пазар на струја.

Воведување данок на возила и зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила, се дел од мерките кои се предвидуваат за намалување на емисијата на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во земјава, предвидени со новиот закон за животна средина, кој е во владина процедура, најави Ана Петровска државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Косовското Министерство за инфраструктура и транспорт објави дека утре, 23 ноември, од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од автопатот „Арбен Џафери” кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со размена на писма за соработка помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути, се склучи Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување, соопшти НБ.

Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја. 

Со Договорот, меѓу другото, предвидено е Народната банка да доставува одделни известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра. Согласно Договорот, Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

 

Србија и Северна Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, а делат заедничка историја и имаат заедничка цел – членство во ЕУ, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Политика“ во пресрет на денешната официјална посета на Белград.

Страница 8 од 66