Американската економија во третото тромесечје пораснала повеќе од прогнозираното без разлика на трговската војна со Кина, а цените се задржаа на умерено ниво, се вели во најнов извештај на американското Министерство за трговија.

Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови. Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5G во Македонија, што ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.

За една недела ќе почне да функционира мобилната лабораторија за нафтени деривати, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се претстави на македонско-италијански бизнис форум кој се одржа во Катанија.

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера утврди текст на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

Подготовките за објавување на тендерот за изградба на хидроелектраната Чебрен по принцип на јавно приватно партнерство (ЈПП) се во финална фаза, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на презентација во Владата на новата прелиминарна студија изработена од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ (International Finance Corporation – IFC), дел од групацијата Светска банка, која е неопходна за објавување на тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен на која имаше и претставници на Секретаријатот на енергетската заедница.

Во септември годинава земјава вкупно потрошила 536.533 мегават часови електрична енергија, 35,476 милиони нормални кубни метри природен гас, 433.043 тони јаглен и 87.726 тони нафтени продукти.

Најмалку 4 жртви има во силниот земјотрес што утрово во 3.54 часот ја погоди Албанија, во кој паднаа згради, а 150 луѓе се повредени. Американскиот геолошки истражувачки центар кажа дека земјотресот со магнитуда од 6,4 степени бил со епицентар на 30 км северозападно од Тирана, на длабочина од 20 км.

Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат од полноќ.

Оваа држава дава и можност и поддршка за младите. Целта е тие да останат тука и своите бизнис идеи да ги реализираат во земјава, рече денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, по презентацијата на новооснованите компании од 22-те успешни деловни приказни поддржани преку Програмата за самовработување.

Голем товарен брод кој носел 14.600 овци се преврте во неделата утрото по тргнувањето од пристаништето Миди, близу Констанца, во Црното Море.

Страница 7 од 66