Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Синоќа Инспекторатот на Град Скопје информираше дека интервенирале во околината на фабриката МЗТ, од каде истекла солна киселина од цистерна.

Тридимензионално мапирање е направено за пет дена на патот Кичево – Охрид, на потег во должина од 18 километри, за потребите на градежната компанија „Гранит“. За таква активност со класично геодетско снимање се потребни 45 дена. Заштедата на време е само дел од придобивките со примена на беспилотните летала, кои веќе стануваат алатка за поддршка на домашната економија.

Маркетинг стратегијата за наградната игра МојДДВ#МојаНаграда во следните 12 месеци ќе ја реализира маркетинг агенцијата „Меккен“.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 97.8.

„Ербас” отпушти 16 вработени поради истрага за шпионирање германските воени програми, јавуваат медиумите во Минхен.

Министерството за економија и Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата денеска ќе ја доделат Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Сојузот на стопански комори на Македонија институционално ги зајакнува воспоставените релации со инспекциските служби се со цел подобрување на соработката во интерес на компаниите.

Вработените во Државниот завод за ревизија денеска побараа од институциите во државата под итно да изберат нов директор на ова ревизорско тело, бидејќи во спротивно, како што порачаа, тоа де факто ќе престане со работа.

Скијачкиот центар Маврово новата скијачака сезона ќе ја стартува ребрендиран како Ресорт Маврово. Според најавите од сопственикот на К.А.К. Доо и директор на Ресорт Маврово, Огњан Циговски се очекува само температурите да паднат под нула и да почне скијачката сезона.

Шведската верига на продавници за мебел ИКЕА најави дека ќе вложи 100 милиони евра за поддршка на своите директни добавувачи да преминат на користење на обновливи извори на енергија.

Страница 6 од 66