Идејата за изградба на трамвај во Скопје, повеќе не е актуелна, бидејќи Владата вчера реши дека ќе поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје.

Без најава се зголемени сметките за вода со додавање на нова давачка, надомест за одржување на јавното градско зеленило. Висината на новата давачка е речиси 20 отсто од износот за снабдување со вода и одведување урбани отпадни води.

Железници на РСМ – Транспорт и Турските железници разговараат за можноста за пуштање во функција на туристички воз Истанбул – Солун – Скопје, јавува Мета.

Хонг Конг е најпопуларен град за меѓународни посетители ширум светот во 2019 година, и покрај континуираните политички немири што доведоа до нагло опаѓање на туристите, објави „Bloomberg“. Извештајот покажува дека азиските градови доминираат на рангирањето со учество од повеќе од 40 градови. Па така Бангкок го зазема второто место, по што ќе следат Макао и Сингапур.

Полициите од околу триесет држави во координирана акција фатиле 228 лица и идентификувале илјадници заговорници како дел од масовна операција против перење пари.

Честото менување на законската регулатива и ефектите од промените особено во даночните закони врз стопанството, најавата за нова глобална економска криза во 2020г, како и актуелната состојба во сметководствената дејност, беа во фокус на прес конференцијата на Комората на сметководители во Сојузот на стопански комори на Македонија. 

Минималната пензија, според стаж и старост, од 1 јули ќе изнесува 250 лева (околу 130 евра), одлучија пратениците во бугарскиот Парламент.

Капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола заврши. Постројката, информираат од компанијата, е синхронизирана со електроенергетскиот систем  и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите.

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство во компанијата ДУНА.

Извршниот директор на „Гугл”, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Алфабет”, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои ја основаа компанијата пред 21 година, се повлекуваат.

Иако не е услов за членството на Македонија во НАТО се отвораат прашања околу безбедноста и кинеското влијание во развојот на 5Г мрежата и дигиталната инфраструктура во земјата, потврдија денеска од Владата.

Страница 4 од 66