Дигитализација на клучните регистри на институциите и развој на дополнителни 120 електронски услуги се дел од активностите што ги најавува Министерството за информатичко општество и администрација за следната година.

Централната банка на Франција планира да ја пилотира дигиталната валута CBDC за финансиските институции во 2020 година.

Франсоа де Галау, гувернер на Централната банка, најави дека банката ќе започне со тестирање на дигиталното евро до крајот на првиот квартал на 2020 година.

Банката на Франција ја потврди веста на Твитер, истакнувајќи дека најавата е направена на конференција чии домаќини беа двајца главни француски регулатори за финансии, Францускиот орган за бонитетна супервизија и AMF.

Според извештајот, стартувањето на дигиталното евро ќе се насочи само кон учесниците во приватниот финансиски сектор и нема да вклучува исплати на мало направени од поединци. Галау, наводно, напоменал дека дигиталната валута за купците на мало „ќе биде подложна на посебна претпазливост“, пренесува Cointelegraph.

Според Les Echos, иницијативата има намера да ја зајакне ефикасноста на францускиот финансиски систем, истовремено обезбедувајќи доверба во валутата.

Покрај тоа, проектот има за цел да го потврди суверенитетот на Франција врз приватните иницијативи за дигитални валути, како што е Либрата на Фејсбук.

Информации за проектот „Купи куќа, купи стан“ од денеска до 8 декември граѓаните може да добијат на саемот што се одржува во Скопје сити мол. На сите заинтересирани на едно место им се достапни информации од Министерството за финансии, банките што се вклучени во проектот и градежните компании.

Државниот Завод за ревизија (ДЗР) денеска се очекува да добие нов директор. Претседателот на Комисијата за избор и именување во Собранието, Илија Димовски за денеска закажа продолженија на три веќе почнати седници. 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов негира дека градските советници тајно ја покачиле цената на водата. Тој вели дека структурата на цената на сметката за водата е иста, само што сега граѓаните првпат може да видат дека на сметката се плаќа и одржување на градското зеленило. 

Четврток, 05 Декември 2019 14:58

Хуавеи со втора тужба против САД

Кинеската телекомуникациска компанија Хуавеи покрена тужба во американски федерален суд против забраната на администрацијата на Трамп за купување опрема од оваа компанија.

Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок што се одржува во Атина.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Бугарија дека изградбата на гасоводот „Турски тек“ доцни поради неа.

Еден од најголемите авиопревозници во САД, „Јунајтед ерлјанс“ соопшти дека планира да купи 50 нови Ербас-А321 авиони заради замена за остарениот авионски парк на моделите Боинг 757-200.

Корејскиот автомобилски концерн „Хјундаи“ во следните пет години планира да инвестира околу 52 милијарди долари за развој на електричните автомобили, се вели во денешното соопштение за јавноста на компанијата.

Страница 3 од 66