НОВОСТИ

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на тркалезната маса на тема „Обезбедување ефективна координација на централните банки и министерствата за финансии“, којашто се одржа во вторникот во Кишињев, Молдавија, во рамки на програмата на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). Во дискусијата на тркалезната маса, таа се осврна на процесот на постојано унапредување на институционалната структура и на корпоративно управување во централните банки, како основен предуслов за успешно остварување на нивните цели. Акцентот во своето излагање Митреска го стави на факторите коишто во последниов период имаат ефекти врз институционалната поставеност на централните банки…
Само десет дена траеше претстечајот на винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Судот во Велес објави дека се укинува, откако девет лозари на кои оваа визба им должи, го повлекле предлогот за отворање постапка. Се укинуваат и мерките за обезбедување на имотот, со што „Повардарие“ може повторно да располага со сметката. Укинувањето доаѓа во време кога лозарите почнаа протести, со кои си ги бараат парите од неготинската, но и од кавадаречката винарија „Стефани“ или кај лозарите позната како „Петра“, кои им ги должат уште од пред пет години. „За „Петра“ ситуација е многу лоша, влезена е во стечај, за сите ќе…
Од Советот на Европа се потврдува дека Владата на Република Македонија побарала мислење од Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, но притоа не се даваат коментари. Секретаријатот на Венецијанската комисија, што се наоѓа во Стразбур, потврди дека е добиен Законот за употребата на јазиците, но не сакаат да коментираат пред да тој биде разгледан од неговите експерти, односно пред изработката на мислењето. Од Советот на Европа, исто така, не сакаа да коментираат ниту за тоа дека „Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека…