СВЕТ

Италија на одредени делови од автопатиштата ќе дозволи зголемување на максималната дозволена брзина до 150 км/ч. Ова е една од главните теми на кои се разговара изминативе недели во рамки на новитетите во прописите за движење на автопат. Експертите ја разгледуваат можноста за едногодишен експеримент на одредени делови од автопатиштата низ земјата. Идејата е да се тестира изводливоста и да се утврди дали е безбедно, а најверојатно ќе се воведува на патиштата со три коловозни ленти. Министерот за сообраќај и инфраструктура Данило Тонинели првично се противеше на оваа идеја поради ризикот од несреќи предизвикани од преголема брзина, но се чини…
Европската комисија објави дека го казнува американскиот производител на чипови Qualcomm со 242 милиони евра, односно 1,27 проценти од прометот на компанијата во 2018 година. ЕК наведува дека таква одлука донела поради “злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на 3G чипсет” и продажба под производната цена. Комесарот на Европската комисија за конкурентност на пазарот Маргарет Вестагер, навела во соопштението дека Qualcomm имал намера да го истисне од пазарот неговиот конкурент Ayser кој е во сопственост на Nvidia и со седиште во Велика Британија, со помош на својата пракса, ”нелегално спрема антимонополските закони на ЕУ”. “Почетното однесување на Qualcomm спречи конкурентност и…
Велика Британија ќе влезе во рецесија во случај да излезе од Европската унија без договор, соопштила британската Канцеларија за буџетска одговорност. "Велика Британија ќе влезе во рецесија во четвртото тримесечје на 2019-та година, која ќе трае една година. БДП ќе падне за 2,1 процент", се наведува во извештајот од Канцеларијата кој бил објавен денес.  Британската фунта ќе изгуби 10 проценти од вредноста веднаш по излегувањето, на 31-ви октомври, доколку тоа биде без договор, навеле од канцеларијата. Како што се наведува, зголемената несигурност и намалената доверба ќе ги одврати инвестициите, а повеќето трговски бариери со ЕУ ќе го оптоварат извозот. Британија…
Компанијата Amazon тврди дека “во целост” ќе соработува со Европската комисија, која започна анти-монополска истрага за работењето на гигантот за електронска трговија. Во соопштението Amazon додава дека компанијата ”ќе продолжи да работи на поддршка на компаниите од сите големини и ќе им помогне да растат”. Извршното тело на Европската унија изјави дека првичните наоди укажуваат на тоа дека Amazon собира податоци за продавачите кои ја користат нивната платформа во бизнисот, нивните производи и трансакции на оваа платформа, како и дека “изгледа користат чувствителни информации на начин што штети на конкуренцијата”. Компанијата со седиште во Сиетл постигнала договор со германските регулаторни органи на пазарот,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес укажа на забавениот економски раст во Кина, во услови на рестартирани трговски преговори, велејќи дека тарифите на САД имаат „голем ефект“ врз оваа состојба. Претседателот на САД исто така предупреди и дека наскоро ефектот ќе биде „можеби и многу поголем.“ „Ова е причината зошто Кина сака да склучи договор со САД и посакува никогаш да не го прекршеше првичниот договор,“ изјави Трамп.
Германскиот автомобилски гигант Фолксваген одлучи да изгради сопствена фабрика во Турција. Ова го тврди германското специјализирано издание „Аутомобилвохе“, цитирано од Ројтерс. Фолксваген се уште не ги потврди информациите. Одлуката била донесена на вчерашната средба на Надзорниот одбор на германскиот производител на автомобили. Се верува дека новата фабрика за 1,3 милијарди долари ќе биде лоцирана во Измир. Една од причините да биде избрана Турција е тоа што таа е подготвена да даде великодушна финансиска помош за изградба на новата фабрика. „Аутомобилвохе“ потсетува дека со месеци Фолксваген се обидуваше да донесе одлука во врска со новиот погон. Првично, неколку земји беа на…
Британски девствени острови претставуваат познат даночен рај, со 400.000 регистрирани компании вредни 1,5 илјади милијарди долари, а силно се бори против барањата да ја промени регулативата за да биде потранспарентна, пишува Bloomberg. На улиците на главниот град на Британските девствени остров, Роуд Тауна, не може да се забележи големото богатство. По улиците може да се забележат кокошки, а адвокатските фирми што се занимаваат со регистрирање на илјадници off shore компании се наоѓаат во скромни згради. Исто така, цели острови во архипелагот се во сопственост на богаташи од странство, како што се Ричард Бренсон, сопственик на Virgin, и со основачот на…
Бугарската кандидатура за еврозоната останува во чекалната до октомври. Резултатите од проверката во банките се очекуваат на 26 јули, а дури по тоа треба да биде средбата на министрите за финансии на Европската унија кои ќе треба да одлучат дури есента Комесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московичи уште еднаш изрази скептицизам за бугарската кандидатура за воведување на еврото и одлуката е одложена за неколку месеци. На последната седница на Еврогрупата во понеделникот - форматот во кој заседаваат министрите за финансии на еврозоната, бил разгледал сосема накратко напредокот на Бугарија за исполнување на преземените обврски во јуни 2018 за влез…
„Кроација ерлајнс“ почна да наплатува избор на седиште до 48 часа пред полетување во економската класа. Засега се наплаќа само летовите од Загреб до Копенхаген, Даблин, Хелсинки, Осло, Стокхолм и Санкт Петерзбург како и од Сплит кон Копенхаген. За овие летови се наплаќа 15 евра доколку изборот на патникот е да седи во внатрешниот ред. Седењето пак, во приоритетната зона (првите два реда во економската класа) ќе чини 12 евра, додека пак 10 евра чини изборот на другите места.
Србија со нови цени на патарините. Според новиот ценовник, најскапо ќе треба да платите на патарината Белград - Ниш и тоа 900 динари, а пред овие нови цени оваа патарина чинеше 800 динари. Зголемувањето на патарините во Србија доаѓа со усогласувањето со барањето на Европската унија, според кое цената на патарината треба да ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура. Патарините во земјата се качени за 12 отсто. За патниците на Коридорот 10 од Прешево до Белград возењето ќе ги чини сега 1.501 динар. За зголемувањето на патарините на почетокот на минатиот месец ја извести јавноста Директорот на патиштата…