СВЕТ

Barclays се обидува да преземе 20 милијарди долари вреден дел од Deutsche Bank, изјавија извори на Reuters, со план да станe водечка европска инвестициона банка и посилно да се натпреварува со американските ривали. Водечкиот германски кредитор изјави на 7 јули дека тргувањето со своите акции ќе се спроведе како дел од големото реструктуирање, и дека со BNP Paribas потпишал прелиминарен договор кој ќе служи на клиентите за примарните финансии и електронските акции кои се погодени од планот. Меѓутоа, некои клиенти на Deutsche Bank бараат алтернатива за пренос на нивниот бизнис во француската банка, велат извори запознаени со ова прашање. “Не е…
Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) потврди дека на уште две фарми за свињи во оваа земја се појавила смртоносната африканска свинска треска. Присуството на оваа високо заразна болест е утврдена е на 19. јули во селото Николово, во бугарската североисточна област Русе, на фарма со околу 17.000 свињи, а потоа со лабораториски тестови вирусот е откриен и на друга фарма во селото Брашлен во истиот регион каде има околу 40.000 свињи, се вели во соопштението на „BFSA“. Уништувањето на заболените свињи на фармата во Николово се уште е во тек, наведува бугарската агенција. Оттаму исто така потврдуваат дека во регионот…
Цените на акциите на азиските берзи денеска паднаа, исто како на Вол Стрит еден ден претходно, затоа што инвеститорите се разочарани од деловните резултати на неколку компании и одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја задржи каматата на досегашно ниво. МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,5 отсто. Во исто време на Токиската берза Никеи индексот ослабе за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонг Конг, Шангај, Јужна Кореја и Сингапур паднаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто. Азиските инвеститори ги обесхрабри и вчерашниот пад на СендП (S&P) 500 индексот на…
Американската компанија „Боинг“ предупреди дека тие можеби ќе мораат да го запрат производството на „737 макс“, доколку продолжи приземјувањето и забраната за летање на моделот уште подого време, пренесува Би-би-си.  Во средата авионската компанија ја објави својата најголема квартална загуба од 3,4 милијарди долари, се поради проблематичниот модел. Ако пречките со регулаторите во светот продолжат, од „Боинг“ изјавија дека ќе ја разгледуваат можноста за намалување или цеосно запирање на производството на „737 макс“. Компанијата „Боинг“ се соочува со нивната најголема криза по падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс“, несреќа во која загинаа сите 157 лица во авионот, втор инцидент во…

Nissan затвора 12.500 работни места

Четврток, 25 Јули 2019 12:59
Јапонскиот производител на автомобили „Nissan“, кој е погоден со скандалот откако поранешниот извршен директор Карлос Гон беше уапсен поради финансиски малверзации, ќе затвори 12.500, или околу 9 отсто од вкупниот број работни места, извести компанијата во четвртокот. Во периодот од април до јуни оперативната добивка на „Nissan“ на годишно ниво потонала за 98,5 отсто, на 1,6 милијарди јени, или 14,8 милиони долари., поради слабата продажба, високите цени на сировините и неповолното влијание на валутните курсеви, според соопштението на јапонската корпорација. Нето добивката на вториот според обемот јапонски производител на возила на годишни ниво, исто така, силно паднала, за 94,5 отсто…
Бугарските власти открија уште еден случај на африканска свинска чума на фарма во близина на источниот град Русе, откако на почетокот на месецов смртоносниот вирус се појави на други места. Во Бугарија досега се откриени 19 случаи на свинска чума на фармите.„Уште еден случај беше откриен на голема индустриска фарма во селото Брашлен со повеќе од 40.000 свињи“, изјави Александра Митева од бугарската Агенција за храна. Таа рече дека сите свињи на фармата ќе бидат заклани.Во саботата беше откриен случај на уште една фарма, исто така во близина на Русе, и сите свињи биле заклани. Властите веќе прогласија вонредна состојба…
Во вториот квартал  Дојче банкa оствари загуба од 3,15 милијарди евра. Според германски „Билд”, причина за загубата е радикалното преструктурирање на банката, претходно објавено од страна на извршниот директор на банката, Кристијан Севинг. Ова преструктурирање го оптовари билансот на банката за 3,4 милијарди евра, рече тој. „Без овој товар, Дојче банкa ќе оствареше профит”, објаснува Севинг. Приходите на банката се намалија за шест проценти, а загубата беше поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули, кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите. Повеќе од 900 вработени во Дојче банка добија известување изминативе денови дека…
Кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba ја отвори својата врата за американските продавачи на својата најстара платформа Alibaba.com, објави BBC. Компанијата од сега нуди алатки за американските компании на кои им овозможува таканаречени “business to business” продажби преку платформата, во САД и на глобално ниво. Компанијата Alibaba, која традиционално е фокусирана на Кина, се пофали дека има 10 милиони активни клиенти во повеќе од 190 земји и региони. Новиот бизнис потег ќе им овозможи да се натпреваруваат со глобалните гиганти на онлајн продавници како Amazon. Од Alibaba изјавија дека американската компанија Robinson Fresh на 23-ти јули ќе се приклучи на платформата.…
Според најновите податоци на Евростат најскапата зема во Европа е Исланд, додека Македонија се наоѓа на 36то место. Цените во Исланд минатата година биле дури 56 отсто повисоки од просекот. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка. Само за споредба, пица во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10 евра, а пивото се продава по цена од 7 евра. Вечера за двајца е околу 85 евра, шише вино во продавница се продава за 17 евра, а пакет јајца за пет евра. Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени во Исланд изнесува околу 4.500 евра. Киријата минаиот…
Околу 21 отсто од бугарската економија е се уште во „сивиот“ сектор. Тоа го нагласи денеска Пламен Димитров, претседател на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија. Според него, во пари тоа значи дека се околу 23 милијарди лева годишно (11,5 милијарди евра). Податоците на Синдикатот укажуваат дека секторите со највисок дел во „сивата“ економија се сервиси за поправки на автомобили, градежништво, земјоделие и лесна индустрија. Димитров додаде дека недекларираниот труд во Бугарија е речиси 16 отсто при просек од 11,6 отсто во Европската унија. -Во земјоделието секој втор работи без договор, а во градежништвото делот на сивата економија е околу…