СВЕТ

Економијата во еврозоната успорува

Понеделник, 05 Август 2019 14:08
Деловното истражување на Европската централна банка покажува дека економијата во еврозоната забавува и не е далеку од паѓање на негативни стапки. Според месечното истражување на секторите за производство и услуги, IHS Markit денес објави дека неговиот композитен индекс на корпоративни набавки во јули паднал на 51,5 од 52,2 претходниот месец. Падот на индексот 50 значи нула промени, стагнација во производството, а под тоа нејзин пад, односно негативен раст. Целокупниот индекс крие разлики меѓу секторите, бидејќи услугите и понатаму растат, за разлика од забрзаните падови на производство. Крис Вилијам Вилијамсон, главен економист во IHS Markit, изјави дека причините за невољите во…
По појавата на болеста африканска свинска чума во Бугарија, надлежните институции во Македонија во повеќе наврати апелираа дека ситуацијата е сериозна и ги предупредија граѓаните кои патуваат да не внесуваат храна од животинско потекло. Освен храна, од АХВ информираа дека забраната се однесува и на нуспроизводи од свињи, односно кожа и преработки од кожа По Македонија и Грција забрани увоз на свинско месо од Бугарија. Причината е што болеста африканска свинска чума се рашири во повеќе места во оваа соседна земја. Покрај забраната за увоз и транзит на домашни и диви свињи, месо и преработки од свинско месо, како што…

Откажан штрајкот на аеродромот Хитроу

Понеделник, 05 Август 2019 13:57
Иако пред еколку дена се највуваше денешниот штрајк на лондонскиот аеродром Хитроу, сепак тој денес е откажан. Разговорите ќе продолжеле утре. Околу 2.500 аеродромски работници го објавија штрајкот, откако најголемиот британски синдикат Јунајтед ја отфрли понудата на менаџментот на аеродромите. Поради најавениот штрајк  177 летови беа откажани, пренесоа  медиумите од регионот. Утре ќе продолжат и разговористе за надминување на спорот околу платите.
Кина, која преговара за трговски договор со САД, се обрзала дека ќе купи повеќе американски земјоделски производи, објави Белата куќа. Официјален Вашингтон тоа го објави по дводневните билатерални разговори одржани во Шангај. ”Кинеската страна ја потврди својата заложба да го зголеми купувањето на земјоделски производи од САД“, се вели во соопштението и додавајќи дека дводневните разговори биле ”конструктивни“. Преговарачите разговараа за чувствителните прашања како што е присилниот трансфер на технологија, правата на интелектуална сопственост и нетарифните бариери, додаде Белата куќа наведувајќи дека новата рунда преговори би требало да биде одржана во септември во Вашингтон.
Со доаѓањето на Тојо Тајер, Србија ќе стане најмоќниот производител на гуми во светот, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, посочувајќи дека јапонската компанија планира дополнителни инвестиции. Вучиќ рече дека целата Инџија со нетрпение ја очекува инвестицијата на јапонскиот гигант, кој ќе инвестира само 400 милиони евра во првата фаза и ќе вработи 523 луѓе. Тој посочи дека Тојо планира уште две фази на инвестирање, но дека не може да зборува за тоа, бидејќи компанијата треба да го објави. „Тие се премиум гуми што ги користат сите во светот. Веќе имаме големи производители на гуми во Србија, како што се…
Компаниите „Кока-Кола“ и „Пепси“, двата најголеми продавача на пластични шишиња со пијалак, решија да го напуштат лобито на производители на пластика, објави Си-ен-ен. И двете компании за безалкохолни пијалаци работат на зголемување на употребата на еколошки прифатлива пластика, односно сакаат да ја подобрат својата инфраструктура за рециклирање и да се осигурат дека користат производи што може да се рециклираат. Всушност, производителите не се согласуваат со кампањата на Здружението од индустријата за пластика поради што во Соединетите Држави забраната на пластика е прогласена за незаконска. Здружението зазема ставови што не се во целост во согласност со нашите обврски и цели, објави…
Германсккото обвинителство покрена обвинение против шефот на Ауди, луксузниот оддел на Волксваген, заради мамење во врска со софтверите на дизел автомобилите кои прикажувале лажни податоци на тестовите за емисија на штетните гасови. Обвинителите во Минхен го обвинија Руперт Штадлер и уште три лица чии имиња не се објавуваат. Тие три лица се обвинети дека за Ауди, Воклсваген и Порше моделите развиле мотори со софтвери кои на комисиите за емисија испуштале помалку штетни гасови, отколку при вистинско возење. Штадлер е обвинет дека знаел за манипулацијата со автомобилите и покрај тоа продолжил да ги продава тие модели. Германското обвинителство во мај парично…

AT&T е гигантот со најголем долг

Понеделник, 29 Јули 2019 12:13
Во првите три месеци од 2019 година вкупно јавниот долг на САД достигна рекордни 70 илјади милијарди. Од нив, сума од 9 илјади милијарди се вкупните долгови на нефинансиски компании. Од онлајн платформата HowMuch објавија кои корпорации во економијата број еден во светот имаат најголеми долгови. Според податоци на 27/7Wall Street три од петте компании во тој список се со долгови над 100 милијарди долари, и се во сферата на телекомукациите. На прво место со најдолгорочен долг е гигантот АТ&Т кои лани го купија Тајм Ворнер. Нивните долгови се 166,3 милијарди долари. На второ место се телекомуникациските компании Комкаст и…
Европската унија за дури 367 проценти или речиси пет пати повеќе го зголеми увозот на течен природен гас (LNG) од САД во изминативе година дена. Така значајниот пораст на увозот на американски гас започна со склучувањето на новиот договор за соработка помеѓу ЕУ и САД. Ова зголемување на увозот на гас од САД исто така се совпаѓа и со европските цели за диверзификација на увозот на енергенси, но и со зголемување на (главно американскиот) притисокот на проектот за гасоводот Северен поток 2 кој до Германија и Западна Европа ќе донесе нови количини на природен гас од Русија.
Pfizer Inc. преговара за спојување на својот патентиран бизнис со лекраства со Mylan NV, објави Ројтерс. Ова е берзански договор во кој акционерите на Mylan ќе добијат нешто над 40% од новосоздадената компанија, а акционерите на Pfizer – 60%. Pfizer, исто така, ќе добие околу 12 милијарди долари од долгот. Минатата година, Pfizer рече дека планира да се реорганизира во три одделни компании, делејќи ги своите бизниси со здравствените потрошувачи. Реструктуирањето ќе и овозможи на компанијата подобро да го процени својот бизнис, а тоа може да доведе до продажба или одвојување на непатентираниот бизнис со лекови, велат аналитичарите на Вол…