СВЕТ

Според податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи, во моментов има 17,381 странци кои работат во туризмот, а најголем дел работни дозволи се издадени на лица од БиХ. Оваа сезона дури 6.262 Босанци се вработени во хрватскиот туризам. Следат државјани на Србија со 5.982 дозволи и на Македонија со 2.791 дозвола. Во туризмот на Хрватска легално се вработени 553 косовски државјани, 432 украински државјани, 247 црногорски државјани, 227 албански државјани, 121 тајландски државјани и 117 индиски државјани. Бројот на странски работници во Хрватска е многу поголем од бројот на издадени работни дозволи, јавуваат хрватски медиуми.
Невработеноста во Грција достигна 17,2% во мај, најдобро ниво од 2011 година, пишува Европската унија. Ова е знак дека проблематичната економија во земјата закрепнува и покажува умерен раст. Стапката на невработеност во септември 2013 година беше 27,8%, така што последното подобрување е значајно. Сепак, тој е над двапати повеќе од националниот просек во Европската унија и во еврозоната. До 2019 година невработеноста во еврозоната е 7,5%, а во ЕУ 6,3%. Во истиот период, невработеноста во Грција изнесуваше 17,2%, што претставува подобрување од 2 процентни поени во однос на минатата година. Невработеноста кај младите во земјата падна на најниско ниво од…
Американската компанија Убер, која по пат на апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз, пријави рекордна загуба од 5,2 милијарди долари. Исто така , нивните приходи потфрлиле во однос на очекувањата на Волстрит. Таквите резултати се последица на забавувањето на растот во основата на превозната дејност на Убер, што предизвикало акциите на компанијата да паднат за шест отсто. Во нето загубата на Убер во второто тримесечие, кое е значајно поголемо од 878 милиони долари загуби во истиот период минатата година, се пресметани и трошоците за компензација од 3,9 милијарди долари која Убер, во вид на акција, им ја исплатил…
Доколку САД продолжат со заострувањето на трговската војна, можно е кинеската влада да дозволи дополнително намалувањето на вредноста на националната валута јуан, за да им помогне на извозните компании да се изборат со притисокот од зголемувањето на американските царини, предупредуваат кинеските економски експерти.   – Ако американската страна дополнително го заострува трговскиот конфликт, не е исклучена опцијата кинеската влада да посегне по нова девалвација на јуанот, поради притисокот на пазарите, и тоа за да им помогне на извозните фирми да го ублажат можниот притисок од повисоките царини – истакнува Џанг Минг, економски и политички експерт од кинеската Академија на општествените…
Компанијата „Меркатор” почна со продажба на 13 трговски центри, од кои еден во Словенија и 12 во БиХ, Хрватска и Србија, со што продолжува примената на стратегијата за намалување на долговите на Меркатор Група. Меркатор лани продаде 10 шопинг центри во Словенија на австрискиот инвеститор „Супернова”, а сега ги продава шопинг центарот во Копар, четири недвижности во Хрватска, шест во БиХ и две во Србија. Сите недвижности се продаваат по принципот на закуп, што значи дека „Меркатор” останува закупец на недвижностите кои во моментов ги поседува.
Компанијата „Меркатор” почна со продажба на 13 трговски центри, од кои еден во Словенија и 12 во БиХ, Хрватска и Србија, со што продолжува примената на стратегијата за намалување на долговите на Меркатор Група. Меркатор лани продаде 10 шопинг центри во Словенија на австрискиот инвеститор „Супернова”, а сега ги продава шопинг центарот во Копар, четири недвижности во Хрватска, шест во БиХ и две во Србија. Сите недвижности се продаваат по принципот на закуп, што значи дека „Меркатор” останува закупец на недвижностите кои во моментов ги поседува.
Трговскиот дефицит на Франција се искачи на 5,2 милијарди евра во јуни од 3,3 милијарди евра во мај, покажуваат официјалните податоци. До проширување на трговскиот дефицит дојде како резултат на падот на нивото на извозот, пренесува агенцијата Reuters. Оваа вест доаѓа откако минатомесечните статистички податоци покажале дека Франција, втората најголема економија во еврозоната, се соочи со мало забавување на економскиот раст во текот на вториот квартал.
Кина го запре увозот на американска соја и други производи, како резултат на заканата од страна на САД за зголемување на царинските тарифи за кинеската стока. Увозот на стоки од САД во Кина се намали за 19 отсто во однос на јули минатата година, откако трговската војна меѓу двете земји ескалираше. Извозот на стоки од Кина во САД во јули, пак, падна за 6,5 отсто. Кина го запре увозот на американска соја и други производи, како резултат на заканата од страна на САД за зголемување на царинските тарифи за кинеската стока.
Трговската војна е резултат на долгиот натпревар меѓу Соединетите држави и Кина кои се обидуваат да ги постават стандардите на дигиталната економија. Царините врз кинескиот увоз во вкупна вредност од 250 милијарди американски долари (заклучно со 1 септември би можеле да бидат 550 милијарди американски долари), што аналитичарите ги споредуваат со бруталниот протекционизам на Големата депресија од 1930-тите и кинеското ембарго на компании како Huawei, се оружје во битката за доминација во дигиталната економија, што му дава на победникот моќ да ги постави правила и да ги регулира останатите. „Ефектот Брисел“ Сепак, САД и Кина не се единствените играчи. И…
Јапонскиот „Тошиба“ објави 10-пати зголемување на оперативната добивка во првиот фискален квартал, благодарение на спроведувањето на мерките за намалување на трошоците. Оперативната добивка на електронската компанија достигна 7,8 милијарди јени (73,49 милиони американски долари) во периодот од април-јуни, што е за 730 милиони јени во однос на истиот период минатата година, се вели во соопштението на компанијата. Тоа е, сепак, малку пониска добивка од просечната прогноза на тројца аналитичари анкетирани од „Рефинитив“, според која се предвидуваше профит од 11,63 милијарди јени. Јапонскиот конгломерат, според „Ројтерс“, ги консолидирал своите фабрики, елиминирал голем број работни места, ги подобрил методите за набавки за…