СВЕТ

Германскиот Daimler планира тешки камиони од марката Mercedes Benz да произведува во Кина и да ги обнови фабриките за камиони чиј сопственик е неговата локална компанија. Ова ќе го продлабочи сојузот помеѓу Daimler и неговиот кинески партнер, компанијата Beigi Foton Co. Овој потег доаѓа откако компанијата Beijing Automotive Group (BAIC), матична компанија на Foton, минатиот месец купи пет проценти акции во Daimler. Уште во 2016 година, тогашниот директор на одделот за тешки камиони на Daimler за германските медиуми изјави дека производството на тешки камиони под името Actros марка Mercedes Benz е планирано во Кина до крајот на оваа деценија. Според најновиот план, мешаната…
Следните 40 години веројатно ќе бидат едни од најважните со кои некогаш ќе се соочи Европа. Промената на политичката агенда и претстојното заминување на Велика Британија од ЕУ ги тера многу економисти да се прашуваат како различните економии ќе се справат со промената, пишува „Претприемник“. Во 2010 година, само две години по финансиската криза, економијата на Луксембург стана најбогата во Европа, регистрирајќи драматично зголемување во периодот пред рецесија. Богатството на економиите често се мери со БДП. Теоретски, колку подобро работи локалната економија, толку повеќе се создаваат можности (работни места, бизниси и инвестиции), што значи дека луѓето сега следат повеќе на…
Најголемата кинеска нафтена компанија ЦНПЦ, одлучи да престане да ја купува венецуелската нафта. Ова се должи на заострувањето на санкциите на САД против Венецуела, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Според агенцијата, кинеската ЦНПЦ се откажала од набавка на пет милиони барели нафта, како и од планираниот натоварување на суровини за овој месец.Ова е прв пат во последните десет години официјален Пекинг да престане да ја купува венецуелската нафта. Кина досега увезувала 339.000 барели нафта на ден од Венецуела.        Сепак, овој случај не значи дека Кина и Венецуела целосно ги раскинале договорите за снабдување на енергенси.На 5 август американскиот претседател Доналд…
Германија, најголемата европска економија, би можела да лизне кон рецесија, што би можело негативно да влијае врз останатите рвопски земји. За економската сила на Германија сведочи тоа што нејзините 84 милиони жители, односно 16 отсто од населението на ЕУ, создаваат околу 21 отсто од БДП, а нејзиниот извоз сочинува 24 отсто од извозот на сите членки на ЕУ. Активностите во германската економија паднаа во второто тримесечје во атмосферата на трговската војна на САД и Кина и заканите за излегување на Британија од Европската Унија без договор, покажуваат официјалните податоци објавени денес. Во периодот од април до јуи германскиот бруто домашен…
Нов Зеланд станува првата земја која го легализира исплаќањето на заработка во криптовалути, објавил неодамна "Financial Times". Даночната служба на земјата донела одлука дека платите може да се исплаќаат во криптовалути доколку таа виртуелна валута се врзува со најмалку една стандардна валута.  Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може да биде директно конвертабилна во некој стандарден облик на плаќање. Како што пишува "Business Insider", тоа овозможува биткоинот, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност, да служи како облик за плаќање на новозеландските работници кога тој нов закон ќе стапи на сила од 1-ви септември. Предлог законот службено…
Уште една новина во сообраќајот доаѓа кај нашиот северен сосед. Како што пренесува Energetski portal, од 2021 година сите возила во Србија ќе мора да имаат катализатори. Целта на овој новитет е намалување на штетните издувни гасови, а со тоа и придонесување кон заштитата на воздухот и природата. Добро е познато дека катализаторите придонесуваат за намалување на присуството на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид како и други несогорливи честички. Со ова, Владата на Србија планира значително да го намали смогот, особено во зимскиот период и со тоа да се избори кон почист воздух, нешто со што со години наназад бројни градови…
Европската унија (ЕУ) во својата нова стратегија за односи со земјите од Централна Азија ја разгледува можноста за набавка на туркменикански гас со цел диверзификација на снабдувањето, вклучително и можна изградба на Транс-каспискиот гасовод. Ова го соопшти претставникот на ЕУ за Централна Азија, Питер Бурјан на првиот касписки економски форум што се одржи во Туркменистан, јавува руската новинска агенција „ТАСС“. – Задоволство ми е што можам да кажам дека оваа година ги интензивиравме дискусии со Туркменистан за енергетска соработка, вклучително и изградба на Транс-каспискиот гасовод – рече тој. Буријан истакна дека ЕУ не само што го гледа Туркменистан како извор…
  Доколку го стори тоа, Кина ќе биде една од првите водечки економии со своја дигитална валута.   Кинеската централна банка е „близу“ до пуштање на сопствена криптовалута, изјави за „Блумберг“ висок функционер во институцијата. Официјалните лица на Банката работеа напорно минатата година за развој на соодветните системи и криптовалутата е блиску до лансирање, рече заменик-директорот на одделението за плаќања во Централната банка, Му Чанчун, за време на форумот за време на викендот. Како дел од говорот, тој не даде дополнителни детали за тоа кога точно се очекува да се појави новата криптовалута. Изјавата е сигнал дека кинеската Централна банка…
Канцеларијата за ветеринарство на БиХ соопшти за привремена забрана за увоз на свинско месо од Србија поради сомневање за африканска свинска чума. Забранет е увоз на домашни и диви свињи, месо од домашни и диви свињи како и производи со потекло од свињи што не се обработени на начин дека е со сигурност уништен вирусот на африканска свинска чума, соопшти Канцеларијата за ветеринарство на БиХ. Забраната ќе биде на сила до добивање службени информации од надлежни тела на Србија за прекин на сомневање за појава на африканска свинска чума.
Компанијата Saudi Aramco, водечкиот светски производител на нафта, во првата половина на 2019 година објави нето добивка од 46,9 милијарди долари. Тоа е намалување за 12 проценти од 53,02 милијарди американски долари остварени во истиот период претходната година. За споредба, американскиот Apple, најпрофитабилната компанија која котира на берза, заработи 31,5 милијарди долари во првите шест месеци од својата финансиска година. Aramco објави дека вкупните приходи, вклучително и другите приходи од продажби, изнесувале 163,88 милијарди американски долари во првото полугодие во однос на 167,68 милијарди долари минатата година, управувани од пониските цени на нафтата и намалувањето на производството, објави Reuters. Саудискиот…