СВЕТ

Словенечката авио компанија „Адрија Ервејс“ ги откажа сите летови од и до Скопје. Компанијата објави дека привремено ги прекина сите летови поради финаиски проблеми. Управата на превозникот побарала четири милиони евра од владата, но тие средства не биле одобрени. Одлуката за прекинување на летовите се должи на недостигот пари што и се потребни на авиокомпанијата за да продолжи да работи.Компанијата интензивно бара решение во соработка со потенцијален инвеститор – сооптил менаџменот. Словенечкиот авиооператор привремено ги прекина сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а со тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје. На патниците им се препорачува да ги следат информациите на…
Американците ги поминаа Швајцарците и сега се најбогатата нација. Во остатокот од светот, пак, богатствотопостепено „се топи“. Според најновиот извештај за глобално богатство на германската осигурителна компанија Allianz, просекот на нето финансиски средства кај Американците во 2018-та изнесувал 184.411 евра по глава на жител, за разлика од 173.838 евра по глава на жител во Швајцарија. Подемот на САД кон самиот врв на листата на најбогатите нации главно се должи на вредносната моќ на доларот, како и на американските домаќинства како главен двигател на порастот на глобалниот проток на средства. Имено, две третини од сите заштеди во индустријализираните земји потекнуваат од…
Европското здружение на авто-производители и неколку национални здруженија на автоиндустријата предупредуваат од „катастрофални последици“ доколку се случи Брегзит без договор. На околу еден месец пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Европските здруженија на авто-производители како и 21 национално здружение во заедничка изјава предупредија на последиците за нив доколку се реализира Брегзит без договор.Шефовите на автоиндустријата предупредуваат дека последиците во „виталните сектори“ ќе бидат тешки.„Заминувањето на Обединетото Кралство од ЕУ без договор ќе отвори сеизмички промени во условите за трговија, а милијардите евра кои ќе бидат наметнати како царини ќе имаат големо влијание врз изборот на потрошувачите и врз цените од двете страни…
Цените на нафтата на светските пазари пораснале минатата недела околу 6 отсто, што е последица на нападите со дронови на најголемото нафтено построение во Саудиска Арабија, поради што производството е во пад за повеќе од 5 милиони барели дневно или 5 отсто од вкупното светско производство. На лондонскиот пазар цената на барелот скокнала за 6,7 отсто, на 64,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапел за 5,9 отсто, на 58,10 долари. А во почетокот на минатата недела цените на нафтата скокнаа и повеќе од 20 отсто поради стравот од остриот пад на понудата на пазарите на нафта по нападот на двете…
Налогот на Европската унија за Епл да исплати на Ирска 13 милијарди долари заостанати обврски и даноци и пркоси на реалноста и се коси со здравиот разум, велат од Епл. Производителот на iPhone ја обвини и Европската комисија за злоупотреба на своите овластувања за борба против државната помош, дека со дополнителни измени на домашното законодавство со ретроактивни дејствија всушност се обидува да го примени и меѓународниот даночен систем и дека во тој процес создава правна неизвесност за деловните активности, пренесува Ројтерс. Аргументите на „Епл“ на Општиот суд на ЕУ, втор највисок суд во Европа, дојдоа откако Европската комисија во 2016…
Министерството за животна средина и енергетика на Грција и Министерството за развој и инвестиции на Грција внимателно ги следат случувањата на домашниот пазар на нафта и подготвени се да се справат со евентуални шпекулации поради текот на меѓународната цена на црното злато, е заклучокот од состанокот за случувањата на меѓународниот пазар на нафта и последиците на домашниот пазар, одржан во грчкото Министерство за животна средина и енергетика, jави дописничката на МИА од Атина. По нападот во Саудиска Арабија, надлежните министерства и инволвираните страни одржаа состанок по кој рекоа дека ја следат ситуацијата на меѓународниот пазар на нафта и истакнаа дека…
Градските власти во Берлин планираат да ја ограничат месечната закупнина за станови на 7,97 евра за метар квадратен, како дел од планот за замрзнување на висината на киријата кој беше договорен претходно годинава, објави весникот „Тагешпигел“, повикувајќи се на нацрт-законoт. Берлинската сенаторка за урбан развој, Катрин Ломпшер, планира ваквата мерка да ја воведе за станови изградени до 2013 година, а од неа би биле исклучени становите изградени по 2014 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Предлог-законот сè уште е предмет на дискусија и може да претрпи измени, наведува весникот. Се очекува сенатот до 15  октомври да го достави нацрт-законот до градскиот парламент,…
Новиот „Фиат 500 жардиниери“, кој на пазапарот би требало да го замени моделот „500-L“, нејзверојатно ќе се произведува во Србија, најавуваат италијанските медиуми, а сега потсетува специјализираниот италијански сајт „clubalfa.it. „Жардиниери“, како што тврди италијанскиот сајт повикувајќи се на менаџментот на „Фијат“, веројатно ќе се произведува во фабриката за автомобили „Фиат Крајслер“ во Крагуевац, каде сега се произведува „500-L“. Како што пренесува „Политика“, италијанско-американската групација допрва треба да ја потврди оваа вест, а „жардиниери“ би требало да се симне од производствената лента во текот на 2021 година. Овој автомобил веројатно ќе има и електрична верзија. „Жардинерија“ во превод значи „сад…
Деловната доверба во Германија се влоши над очекувањата во август, „паѓајќи“ на најниско ниво од ноември 2012. година, покажаа резултатите од едно истражување. Индексот на бизнис климата, кој го пресметува Економскиот институт „Ифо“ во Минхен, падна на 94,3 поени во август од највисоко ревидинарите 95,8 поени во јули, се вели во соопштението на Институтот „Ифо“. Податоците за август, што укажуваат на петти последователен месец на опаѓање, се пониски од очекувањата на аналитичарите од 95,1 поен. – Постојат сè повеќе индикатори за рецесија во Германија – рече претседателот на „Ифо“, Клименс Фуест. Компаниите се помалку задоволни од тековната деловна состојба и…
Хрватската држава почнува нов бран приватизација како услов за воведување на еврото, наместо националната валута куна. Владата изработи акциски план за влез во еврозоната со кој се обврзува дека ќе ја забрза продажбата на своите удели во државните претпријатија.   На продажба ќе се најдат 90 претпријатија, кои ќе се продаваат во три круга. Првата приватизација ќе се спроведе во септември годинава, втората до крајот на годината, а третиот круг на почетокот на 2020 година. Предмет на продажбата ќе бидат уделите во претпријатијата во кои државата има симболично учество во акционерскиот капитал, а во некои тие се и помалку од…