СВЕТ

Договорите за градење фабрика во Турција се практично пред потпишување, но турската инвазија во Сирија го наведе Фолксваген на преобмислување на одлуката. Практично беше само прашање на време кога Фолксваген официјално ќе ја објави одлуката за изградба своја нова фабрика во Турција. Со волумен меѓу 1,2 и 1,5 милијарди евра, таа би претставувала една од најголемите германски инвестиции во Турција. Потрагата по погодна локација за изградба на новиот производен погон во југоисточна Европа долго траеше, во предвид беа и Бугарија, Романија и Србија. Но, кога на почетокот на октомври Фолксваген ја заведе во трговски регистар својата фирма-ќерка во градот Маниса…
Словенечката влада е во преговори со германската компанија „Луфтханза“ и операторот на Франкфуртскиот аеродром „Фрапорт“ за продажба на одредени авио-рути на словенечката компанија „Адриа ервејс“, која прогласи банкрот на крајот на септември.   Порталот „exyuaviation.com“ пренесува дека „Адрија“ сообраќала кон Брисел, Франкфурт, Минхен, Виена и Цирих, и дека подружниците на „Луфтханза“ досега немале своја директна линија до Љубљана. Словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек рече дека околу половина од рутите може да бидат наменети за „Луфтханза“ и дека во моментов преговара со најголемата германска авиокомпанија за формирање нов национален оператор. Почивалшек оцени дека новоформираната „Ер Словенија“ би…
Собранието на „Краш ЕСОП“ гласаше против предлог-одлуката за потпишување договор за заедничко дејствување со месната индустрија „Браќа Пивац“, објави загрепската берза. Сепак, одлуката на 1.100 мали акционери, кои поседуваат 18,45 отсто од акциите на „Краш“, не влијае на идната сопственичка структура. Најголемиот поединечен акционер во оваа кондиторска компанија е месната индустрија „Браќа Пивац“, од каде што соопштија дека и без акционерите на „Краш“ ќе влезе во постапка за преземање.Како што пишува „Пословни дневник“, српскиот претприемач Небојша Шарановиќ минатата недела продолжил со интензивно купување на акциите. Тој поседува 18,43 отсто од акциите на „Краш“, а му недостигаат уште три илјади акции…
Членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, се најбогати Германци, според списокот на списанието „Менаџер“. Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“. Секоја година весникот објавува список со 1.001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании. Семејството Рајман и нивната компанија „ЈАБ холдинг“ стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс дув егбертс“ и производителот на шампони „Вела“. На второ место е основачот на „Лидл“, Дитер Шварц, со богатство од 27,5 милијарди евра. По нив, следуваат акционерите на БМВ, Сузана…
Додека стопанствениците се радуваат на решенија кои можат да го поттикнат економскиот раст во регионот, политичките аналитичари се сомневаат во добрите намери на Белград кога се работи за регионалната соработка. Иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за укинување на трговските бариери меѓу Србија, Албанија и С. Македонија добива позитивни критики од економистите и стопанствениците, но политиката и политичките аналитичари засега се воздржани. Наспроти стопанствениците кои се надеваат дека продлабочената соработка ќе доведе до зголемен економски раст во регионот, за политичките аналитичари спорни се мотивацијата, но и архитектурата на иницијативата која регионалните медиуми веќе ја нарекоа „мини Шенген“. „Албанија и Косово нема…
Француската авиокомпанија Аигл Азур се повлече откако не успеа да пронајде нови инвеститори и 1.150 вработени ги загубија своите работни места. Втората по големина авиокомпанија во Франција, која работеше главно помеѓу Франција и Алжир, банкротираше претходно овој месец и ги откажа сите летови. Францускиот трговски суд нареди затворање на компанијата заради недостаток на одржлива понуда од понудувачот. Кинескиот конгломерат ХНА група е најголем акционер во компанијата, со 49 проценти удел. Аигл Азур минатата година пренесе околу 1,9 милиони патници. Во последниве години, тој исто така имаше правци кон Бразил, Кина, Русија и други земји.
Германската индустрија не се откажува, па компаниите планираат да го намалат работното време за да избегнат масовни отпуштања. Според првичните проценки, во наредните три месеци, 8,5 проценти од 2.000 анкетирани индустриски фирми ќе го скратат работното време, што е највисок процент од овој вид од почетокот на 2013 година. Економскиот институт IFO наведува дека 3,8 проценти од германските компании веќе ја користат таа мерка. Многу компании веќе ги користеле таканаречените “kurzarbeit” за време на рецесијата во 2008 и 2009 година. За време на тој период на ниско искористување на производниот капацитет, компаниите барале од владата на работниците да им се…
Бугарската економистка Кристалина Георгиева застанува на чело на Меѓународиот Монетарен Фонд со што станува прва личност надвор од Западна Европа на оваа висока позиција на светскиот кредитор. Георгиева истакна дека нејзиниот приоритет ќе биде да им помогне на 189-те земји членки да ги минимизираат ризиците…додавајќи дека Фондот ќе биде пријателски расположен кон сите членови, без оглед на нивната големина. Огромна е одговорноста да се биде на чело на ММФ во време кога глобалниот економски раст продолжува да биде фрустрирачки, трговските тензии продолжуваат и долговите се на историско високо ниво. Наш непосреден приоритет е да им помогнеме на земјите да го…
Пекинг денеска го отвори својот нов меѓународен аеродром што на патниците ќе им даде алтернатива за постојниот „Капитал“, кој е еден од најпрометните на светот. Простирајќи се на 70 хектари, „Дашинг“ ќе биде најголем аеродром на светот по површина, а изгледот на морска ѕвезда ќе придонесе патниците помалку да пешачат. Прославената иранско-британска архитектка Заха Хадид го проектираше аеродромот пред да почине во 2016 година. Неговата изградба почна пред пет години и властите се надеваат дека тој ќе може да се справи со предвидените 72 милиони патници годишно, пред да го достигне својот полн капацитет од 100 милиони во 2040. Нема…
Стечајот на британската туристичка компанија Thomas Cook е најтежок удар за Грција после финансиската криза во 2008 година и во туристичкиот сектор може да предизвика загуба од дури 500 милиони евра, предупредуваат грчките медиуми. Грција го заземаше третото место на листата со популарни дестинации на компанијата Thomas Cook и минатата година компанијата во земјата однела 2,8 милиони туристи.   Од туристичката организација SETE проценуваат дека загубите поврзани со стечајот на британската туристичка компанија може да изнесуваат од 250 до 500 милиони евра. Од здружението на грчки хотелиери GTP проценуваат дека загубата ќе изнесува некаде околу 300 милиони евра. Thomas Cook во…