СВЕТ

Данска има највисоко учество во даноците поврзани со приходот и богатството со 28,9 отсто од БДП, се наведува во новиот извештај објавен од „Евростат“, канцеларија за статистика на Европската Унија. Целокупната даночна стапка во Данска беше трета највисока во ЕУ, зад Франција и Белгија. Соодносот данок : БДП, што значи збирот на даноци и социјалните нето-придонеси како процент од БДП, во ЕУ како целина во 2018 година изнесувал 40,3 отсто. Најголем удел на даноци и социјални придонеси во проценти од БДП во 2018 година имале Франција (48,4 отсто), Белгија (47,2 отсто) и Данска (45,9 отсто), а веднаш потоа се Шведска…
Властите во Брисел планираат до 2035 година да забранат употреба на бензиски автомобили на своите улици. Бриселските власти усвоија конечна верзија на климатскиот план според кој е планирана забрана на бензиски и дизел автомобили во наредниот период. Според овој план, ќе биде забранета употреба на дизел возила најдоцна до 2030 година, а употребата на бензиски возила најдоцна до 2035 година. Претходната влада разви зони за намалување на емисиите на штетни гасови кои опфаќаат области во сите делови на Брисел. Планирано е во тие зони дизел и бензиски возила, како и мотоциклите да бидат забранети дури и пред планираниот рок. Градските…
На Волстрит, акциите денес се претежно во надолна траекторија, бидејќи инвеститорите зазедоа повнимателен став по вчерашниот рекорд на високо ниво за американските индекси. Технолошките компании, исто така, забележале пад на вредностите на берзата, но „Епл“ цврсто се зајакна по охрабрувачките деловни резултати на компанијата. Акциите на „Фејсбук“, исто така, драматично пораснаа по изненадувачките добри резултати од третиот квартал. Поширокиот индекс „С&П 500“ падна за 0,4 проценти, индустрискиот „Дау Џоунс“ за 153 поени или 0,6 проценти на 27.035 поени, а технолошкиот „Насдак“ за 0,4 проценти. Во Европа, индексите исто така бележат пад. Индексот „Eуро Сток 50“ опадна за 0,12 проценти, лондонскиот…
Белгија– Фискалниот притисок, односно плаќањето даноци и социјални придонеси, е најголем во Франција, Белгија и Данска, според последните податоци на Евростат. Франција е на прво место, Белгија на второ, во двете земји даночните обврзници треба да платат речиси 50 отсто од своите приходи во данок или придонеси, пренесува европскиот статистички завод. Глобалното рацио фискални приходи/БДП е 47,2 отсто за Белгија во 2018, а 48,4 отсто за Франција. Данска бележи намалување на ова рацио во однос на претходната година, тој изнесува 45,9 отсто во 2018. Европскиот просек е 40,3 отсто. Најмал фискален притисок имаат даночни обврзници во Ирска (23 отсто), Романија…
Љубителите на фудбалот можат значително да заштедат на летовите до Доха и да добијат билети за натпреварите.   ДОХА, Катар – „Катар Ервејс“ започна возбудлива промоција на летови до Доха како официјален авиокомпаниски партнер на Светското клупско првенство на ФИФА – Катар 2019. Наградуваната авиокомпанија најави неверојатни понуди за билети за летови во економска и бизнис класа, како и пакети од дестинации низ целиот свет до Доха. Клиентите на „Катар Ервејс“ можат да заштедат до 35% во економска класа и 25% во бизнис класа и да добијат билети за натпревари за да ги видат ѕвездите на светскиот фудбал во акција…
Неколку земји-членки на ЕУ ги објавија плановите за исклучување на термоцентралите за исполнување на меѓународните цели за намалување на емисиите. Речиси 80% од централите на јаглен што се наоѓаат во ЕУ работат со загуба и оваа година би можеле да загубат скоро 6,6 милијарди евра, според студијата на невладината организација „Carbon Tracker Initiative“, цитирана од „Ројтерс“. Ниските трошоци за обновливата енергија и поевтиниот природен гас се повеќе конкурентни во споредба со јагленот. Одделно, ќе биде потребно распоредување на многу поскапа технологија во многу погони за да се исполнат построгите стандарди на ЕУ за квалитет на воздухот од 2021 година, а…
Фолксваген се надева дека конфликтот во северна Сирија брзо ќе заврши со цел да се нормализира бизнисот, напиша ФАЦ во коментар за можната инвестиција од страна на концернот во Турција. Многу германски медиуми и денес одделуваат место за темата. „Ди Велт“ објави дополнителни детали од прес-конференцијата на членот на одборот на Фолксваген, Андреас Тостман. Во весникот се забележува дека Тостман бил преплавен со телефонски прашања за можна инвестиција во Турција, што тој ги избегнал евазивно. „Ди Велт“ ги наведува уверувањата на Тостман дека Фолксваген засега има отворено разни опции и е во консултација со властите во Германија и Турција. Тостман…

„Западот е во криза, а не Кина“

Вторник, 22 Октомври 2019 12:32
Кинескиот подем е една од најневеројатните приказни во историјата, вели во интервју за ДВ британскиот автор Мартин Жак, кој пред десет години го предвиде растот на Кина. Тој тврди дека Западот не разбира што се случува. Мартин Жак пред десет години на многумина им оставаше впечаток на ексцентрик гладен за внимание. Овој британски новинар и научник со својот бестселер „Кога Кина ќе владее со светот“ уште во 2009 година го предвиде кинескиот подем, тврдејќи дека оваа земја до 2027 година ќе прерасне во најголема економија и ќе ги надмине САД.  Книгата е продадена во 400.000 примероци, но многумина не беа…
Франција се обидува да воспостави европски регулатор за дигиталните платформи како Google, за казнувања при можна злоупотреба на влијание. Ова го изјави висок француски службеник, наведувајќи го пример спорот со американска компанија околу европскиот закон за заштита на интелектуална сопственост.   Google минатиот месец објави дека на записите од резултатите од пребарувањето за корисниците во Франција веќе нема да се прикажуваат кратки информативни видео записи од европски издавачи. Одлуката ја образложи како усогласување со европскиот закон за заштита на интелектуална сопственост, но неговиот потег го налути Париз. „Големата американска компанија, станува збор за Google, објави дека нема да ги усогласи…
Бродскиот транспорт има клучна улога за глобалната економија, но истовремено е еден од поголемите загадувачи на животната средина. Новите правила стапуваат на сила на почетокот на 2020 година, но тие скапо ќе чинат. Ако парите се „горивото“ на светската економија, тогаш бродовите се централното транспортно средство за глобалната трговија. Според податоците на Меѓународната поморска организацијата (ИМО), органот на ООН задолжен за регулирање на глобалниот бродски транспорт, над 90% од светската трговија е управувана по море. Тоа е сѐ уште далеку најевтиниот, но и најзагадувачкиот транспорт на стока и суровини низ светот. Според најновата студија на ИМО, за  емисија на штетни гасови …