СВЕТ

Стотици празни столици вчера ги наполнија плоштадите во голем број грчки градови на симболичниот нем протест организиран од Федерацијата на угостителски и сродни професии, во рамките на европската иницијатива „Empty chairs“, а со цел да се побараат ефективни решенија за да преживее конкретниот сектор. Десетици менаџери на ресторани кои претставуваат околу 2.000 угостителски компании поставија празни столчиња во стариот дел на градот Милано во знак на протест поради блокадата на угостителските објекти.
Со оглед на тоа што во Турција се олеснуваат рестриктивните мерки воведени за борбата против ширењето на коронавирусот, сите големи фабрики за автомобили во земјата ќе почнат со работа до 11 мај, објави министерот за наука и технологија, Мустафа Варанк.
Српскиот парламент ја укина вонредната состојба, а за предлогот за укинување гласаа 155 пратеници, ниту еден против и само еден воздржан, јавува Н1 ТВ.
Цените на билетите би можеле да се зголемат за најмалку 50 проценти, откако повторно ќе може да се лета со авиони ширум светот,предупредува Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).
За престижната саемска манифестација Дубаи Експо, која беше одложена заради коронавирусот, се утврдија нови датуми за одржување. Имено настанот ќе се одржи од 1 октомври 2021 до 31 март 2022 година.
Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио каде економијата на еврозоната може да почека до крајот на 2022 година за да го достигне нивото од пред пандемијата. Тоа се наведува во извештајот на финансискиот регулатор.
Со целосно укинување на забраната за движење за граѓаните и отворање на дел од продавниците, Грција од шест часот утрово, по 42 дена излегува од карантин и влегува во новата фаза на постепено олабавување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.
Канада официјално е во рецесија во првиот квартал, предизвикана од пандемијата Ковид-19, соопшти советот на влијателниот институт „ЦД Хау” (C.D. Howe), во време кога официјалната статистика сугерира дека економијата во март е намалена за девет проценти.
Унца злато деновиве се тргува по цена од над 1.600 евра. Побарувачката за злато е зголемена како резултат на високата несигурност предизвикана од пандемијата од коронавирусот.
Естонија од почетокот на мај ќе ја намали акцизата на горивата за 0,145 евра, со што се очекува цената на дизелот да падне на 1,054 евра за литар. Со ова, Естонија се приклучува на Литванија во обидот да се намалат цените на горивата во балтичкиот регион.