Најголема загуба на работни места во Британија од 2009 година

Вторник, 11 Август 2020 11:29 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Лондон, 11 август 2020 () – Бројот на вработени во Велика Британија за три месеци, заклучно со јуни, падна најмногу од 2009 година затоа што кризата со коронавирус силно го погоди пазарот на трудот, иако владината програма за субвенционирање плати сè уште е во сила со цел зачувување на работните места.
Најголема загуба на работни места во Британија од 2009 година

Националното биро за статистика (ОНС) денеска објави дека бројот на вработените паднал за 220 илјади лица во вториот квартал, најмногу меѓу самовработените. Одделните даночни податоци за јули покажуваат дека бројот на вработени на платниот список на компаниите е помал за 730.000 лица од март, што е сигнал што предупредува на потенцијално значително зголемување на невработеноста. Стапката на невработеност во наведениот период неочекувано остана релативно стабилна на 3,9 проценти, но ова е резултат на зголемениот број на луѓе кои се откажуваат од барање работа и затоа не се сметаат за невработени, како и на оние што велат дека работат, но не добиваат плата. Банката на Англија минатата недела прогнозираше дека стапката на невработеност ќе достигне 7,5 проценти до крајот на оваа година.
Најголема загуба на работни места во Британија од 2009 година

Последен пат изменето на Вторник, 11 Август 2020 11:44