Во Србија почна исплата на минимална плата за над милион вработени во приватен сектор

Четврток, 07 Мај 2020 08:48 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Српското Министерството за финансии денес започна да исплаќа минимални плати за вработените во приватни компании кои аплицирале за државна помош, најави министерот за финансии Синиша Мали.

Тој рече дека минималната плата, која изнесува малку повеќе од 30.000 динари, ќе добие 1.051.000 вработени, а за таа цел државата ќе плати 32 милијарди динари на сметките на 232.000 компании кои аплицирале за помош.

Помошта ќе оди во три транши, односно за еден месец вработените ќе добијат три минимални плати.

„Повеќе од еден милион вработени ќе добијат по 750 евра  државната помош. Тоа е дел од една од најголемите економски мерки за што државата издвои 5,1 милијарди евр, со цел да помогне на економијата, на оние кои имаат потреба - претприемачи, микро, мали, средни претпријатија“, рече тој.

Сите здравствени работници добија пораст од 10 проценти, а министерот изјавува дека ова не е привремено, туку трајно покачување на платите.