Словенија под снег, пад на температурите за повеќе од 20 степени

Вторник, 14 Април 2020 10:39 Напишано од  Објавено во СВЕТ

На многу места во Словенија, меѓу кои и во главниот град од утрово паѓа снег, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Поради пробивање на студена и влажна воздушна маса од север, температурите во земјата oпаднаа за 25 степени. Вчерашното пролетно време, денес е заменето со зимска идила, па така во Штајерската област вчера беа измерени 25 степени, а 12 часа подоцна почна да паѓа снег.

Според метеоролозите врнежите ќе се прошират и во јужниот дел на земјата, а вечерните температури ќе бидат и до пет степени под нулата. Сепак, во наредните денови се очекува стабилизирање на времето и враќање на пролетните температури.

Последен пат изменето на Вторник, 14 Април 2020 10:51